Колумни

Во луд свет потребни се и храброст и ум да се остане свој, зарем не професоре?

И ете, во еден ваков, крајно непредвдлив меѓународен амбиент Македонија се осмели да води своја, автентична надворешна политика. Хм. Дали е тоа лудост или храброст? Јас мислам второто

Дали е воопшто потребно да зборуваме во каков свет живееме? Низ Европа чукаат барабаните на војната поради стравот од можна руска инвазија. Пеколот на Блискиот исток, „неочекуваните“ блиц војни како онаа меѓу Индија и Пакистан или меѓу Тајланд и Камбоџа. Тајван во константен трепет од Кина, Кавказот и Балканот како буриња барут, иако последново (за жива среќа) малку како да се изгаси. САД го вратија старото име на Министерството за војна.

Една Шведска која не војувала со векови забрзано се вооружува за секој случај. Незгодно и опасно, нема што.

И ете, во еден ваков, крајно непредвдлив меѓународен амбиент Македонија се осмели да води своја, автентична надворешна политика. Хм. Дали е тоа лудост или храброст?

Јас мислам второто.

Затоа што лудо би било доколку таа политика беше заснована на романтични историски желби или на агресивна потреба за покажување моќ и сила. А ние тоа не го правиме. Немаме ниту потреба.

 

Но затоа, можеби првпат во поседните неколку децении сакаме наместо „храна“ во чиниите на масата, да бидеме седнати на столче крај истата таа маса. Кога зборуваме да не слушаат затоа што и ние имаме што да кажеме, а не само да веднеме глава и со писалката во раце да ги запишуваме и остваруваме желбите (понекогаш и налудничави) на нашите соговорници. Не, не се трескаме од земја.

 

Не бараме преку леб погача. Го бараме лебот кој ни е насушно потребен и имаме право да го добиеме. Притоа, без никој да не тресне по подадената рака. Затоа што не е безобразна, ама не е ниту извалкана од држење на нечии кохонес, простете на израз. А за тоа да се оствари освен храброст потребно е и многу трпение, внимателно проценување, бескрајна воља и фина доза на одлучнст. Во некои јазици чинам, тоа се нарекува мудрост.

Професорот и поранешен министер за надворешни работи Денко Малески, е констерниран. Вели: „Никогаш, од независноста наваму, македонските политичари не се однесувале вака. Од каде храброста, ако не и дрскоста, се прашувам, на претседателката и на премиерот на Македонија во јавната комуникација со високите претставици на ЕУ?“.

Па додава дека во прашање веројатно била дрскост, а пронајде и извесни „цинични изјави“. Што знам. Проверував по медиумите и можеби ќе излезе дека не живееме во иста реалност со професорот, но јас никаде не видов дрскост или цинизам во нивните изјави. Прекор? Тоа, да. Па преку 20 години не мафтаат и си играат со нашата евроинтеграција. Сега не убедуваат дека Украина и Молдавија побрзо напредувале од нас?

Кога велеа Хрватска е подобра во реформите, па ајде Бугарија и Романија, еве и Црна Гора -тогаш можевме да се туфкаме, да премеруваме дали е навистина така во себе и да си молчиме јавно, ама ова последното е навистина крајно некоректно. Притоа во нашиот случај, сите сме свесни дека не е во прашање прогресот во реформите туку бугарската уцена преку која не сакаме и не можеме да поминеме. Впрочем претходната Влада сакаше да помине и тоа како. Беа тие подготвени на севозможни проголтувања на туѓи ирационални желби, но се покажа дека и тоа не помага.

 

Па кога веќе е така и кога оваа (се уште) нова гарнитура одлучи дека доволно беше попуштање без бенифит и кога се осмелија тоа јавно да го кажат многумина се најдоа збунети. Веројатно и огорчени. И што е тука интересно? Освен во Бугарија, огорчени и збунети беа и се само уште мал број политички губинтици и уште помал број новинарски и „ескпертски“ паразити. Останатиот народ во државава се чини сосема е ок со новиот пристап во надворешната политика. А ако сме искрени и во ЕУ нешто особено не се „огорчија“, иако несомнено не беа ниту видно воодушевени.

Да земеме само еден тазе пример како илустрација. Премиерот отиде на Самит во Тирана и го искористи моментот за да се види со тамошните Македонци. На отврањето на еден македонски клуб даде пристојна изјава дека Македонците во Албанија имаат право на свој клуб, можност за здружување, можност слободно да работат на зачувување на својата култура, идентитет, јазик и традиција. Понатаму посочи дека таа можност ја немаат Македонците во Пиринскиот дел на Бугарија. Во 21 век се спречени да регистрираат невладино здружение, не можат да зборуваат слободно за својот македонски идентитет.

Но, дополни Мицкоски: Ние сме вредни, трпеливи и умни и ве уверувам дали сега или во периодот којшто следи, ќе дојдеме до таа цел.

Дали е сето ова во рамки на пристојно и културно однесување кон соседна Албанија? Да. Дали пак е проблем што јавно ја кажа вистината за состојбата на Македонците во Бугарија? Несомнено, да. Од овие зборови никој не би смеел да се навреди или налути, освен ако по секоја цена сака да бара влакно во јајцето.

Во ЕУ, види чудо, не се најдоза згрозени и не испратија осуда. А Македонците во соседните земји повторно почувствуваа дека матицата сепак се грижи за нив, што не беше случај во изминатите години. Дополнително, добија јасна порака дека во Скопје постои желба и начин за реално да се подообри нивната ситуација. Со мудрост и трпение.

Можно е од друга страна да се јават и ликови кои ќе речат: Е големо чудо. Точно, ова е најобично, најнормално однесување на секоја земја кон своите луѓе надвор. Така барем треба. Проблемот е што ние се одвикнавме од ваквото однесување бидејќи речиси до вчера група моќни неранимајковци токму тука порачуваше дека грижата за нашинците во соседството е блиску до ерес и злосторство.

 

Исто како што ерес беше да се покаже и најмал облик на лично и национално достоинство, интегритет или самоувереност. Пракса која за среќа неодмна конечно се смени.

Но за оваа и ваква смела и автономна политика да се води, треба да се направат потези кои покажуваат фер и конзистентен пристап таму каде што се брои. Македонија донесе одлука да ја следи политиката на ЕУ секогаш кога во рамки на унијата ќе има консензус по некое прашање, а притоа го задржа правото да прави сопствени чекори доколку за одредено прашање во ЕУ има разногласие.

Стратешки се врзавме со САД и со Британија и се разбира својата надворешна политика ја програмираме и во рамки на таа соработка. Тоа пак ни овозможува ем поширок просто за маневар, ем можност да бидеме доследни и принципиелни соузници што не е мала работа во сите, а не само во турбулентни времиња како сегашните. Природно и оваа ситуација не им се допаѓа на претходно набројаните поразени елементи бидејќи за нивна жал преставува квалитет плус и показател дека сепак се може и без коленичење и лигавење да се опстојува на меѓународната арена.

 

За поголеми успеси сепак е потребно време, сериозно вложување средства во дипломатијата (јавна и тајна, професоре) како и бескрајна внимателност за да не се направат кардинални грешки кои потоа ќе ги плаќаме прескапо. Имаше такви, нели. Искрено се надевам дека и таа лекција веќе е научена.

Драган Милосављевиќ

Најнови вести од: Колумни

Конески, генијот-посветеник на Македонската идеја, и неговиот аманет Македонците да си го вардат јазикот, својата „единствена неподелена татковина“

Блаже Конески (Небрегово, 19 декември 1921 – Скопје, 7 декември 1993), генијот на македонската поезија и проза, академик, книжевен историчар, филолог и јазичар, творец на „Македонската граматика“, преведувач и професор на Филозофскиот факултет во Скопје, е еден од кодификаторите на современиот македонски книжевен јазик. Денес се навршуваат 92 години од неговата смрт и ова е пригода за ново навраќање кон неговото неизмерно книжевно и научно творештво, на неговата личност и кон непресушните врутоци на неговите јазични, поетски и национални посланија и завештанија до денешново и сите наредни македонски поколенија дека токму јазикот е она, што нѐ прави како македонски народ, различен од сите други народи во Балканот, Европа и светот. Во последната, претсмртна статија „Една ситуација и едно лично становиште“ Конески ќе истакне: „Денешниот однос на бугарските раководители спрема нашиот јазик има свои длабоки корења во теоријата на великобугаризмот. Можеше ли оформувањето на нашиот јазик да биде појава случајна, дури измислена? Се разбира дека не можеше. Но, македонскиот јазик, и покрај сите викотници против него, од каде и да идат тие, постои, се развива и станува јазик на сѐ побогата литература, станува јазик, на кој што културните придобивки на човештвото му се присвојуваат на еден народ, досега потиснат во мракот на ропството. Добро кажува арапската пословица: ‘Пците лаат, карванот си мине!“

Нацрт-заклучоците на Советот на ЕУ за промената на македонскиот устав ги кршат резолуциите на ООН и Договорот од Мастрихт, затоа се ништовни

Советот на ЕУ ја повикува Македонија да изврши промена на својот Устав во согласност со „Добрососедскиот договор“ со Бугарија и протоколите кон него, Преговарачката рамка и „францускиот предлог“, кои содржат категорично тврдење-фалсификат дека македонскиот народ, македонскиот јазик, идентитет и историја имаат „бугарски историски темели“. Тоа претставува целосно негирање на етничката, идентитетската и јазичната засебност на македонскиот народ. Декларацијата на ООН за недопустливоста на интервенирањето и вмешувањето во внатрешните работи на државите целосно ги заштитува македонскиот јазик и идентитет, како и македонската историја, од какви било и чии било обиди за негирање, или присвојување. Таа декларација строго забранува завлегување во идентитетскиот комплекс на кој било народ, што значи и на македонскиот народ. Токму ова го прават Советот на ЕУ и Бугарија! Членка на ООН е и Македонија: и за неа во еднаква мера важи применливоста на резолуциите на ООН. Според нив, ниту ЕУ, ниту Бугарија, Грција, или која било друга држава, немаат право да се мешаат во внатрешните и надворешните работи на Република Македонија, ниту да ѝ наложуваат да го менува Уставот во замена за „отворање на преговорите со ЕУ“. 

Зошто низ нашите градови не ечи многу почесто „песната на Македонија“ – нејзината „молитва“?

„Народните песни се показаљка на степенот од умственото развитие од народот и огледало на неговиот живот. Народот в песни изливат чувствата си, в них увековечвит животот му и давнешните му подвиги, в них находвит душевна храна и развлечение; затова в жаљба и в радост, на свадба и хоро, на жетва и грозјебрање, на везање и предење, по поле и по гори, штедро изливат песните како од богат извор…“ – ова е напишано во предговорот на првиот дел на „Зборникот на македонските народни песни“ на браќата Димитар и Константин Миладинови, објавен во 1861 година. Зарем турбофолкот и шундот, наречен „музика“ од балканската естрадна периферија на концертите во Македонија, ќе дозволиме да станат „показаљка на степенот“ на нашето „умствено развитие“ како народ македонски? Зарем ќе се согласиме тоа да стане „огледало на нашиот живот“ како народ македонски, чиј изворен фолклор и народен мелос се со врвни уметнички и културни вредности и меѓу најценетите во Европа и светот?!

Уставот од 17 ноември 1991 со асномската основа на Македонија како држава на македонскиот народ

Првиот устав на независна Македонија од 17 ноември 1991 година е од редот на така наречените „национални устави“. Тој македонски устав во најголемиот број негови елементи е на исто ниво и содржински и во поглед на содржаните принципи како и 165 други национални устави од вкупно 189-те устави, колку што ги има во овој момент во светот.

Со уставните амандмани од 16.11.2001 Македонија престана да биде држава на македонскиот народ и се вгради „фабрички дефект“ во политичкиот систем

„Амандманите од ноември 2001 година се сведоштво за ревизијата на асномска Македонија од суверена и унитарна држава во безидентитетна, дезинтегрирана, ‘рамковна’ мултиетничка Македонија. Со ревизијата на Уставот на РМ во 2001 година е маргинализирана улогата на македонскиот народ во конституирањето на Р. Македонија, минимизиран е неговиот конститутивен и државотворен карактер во формирањето на РМ.“ – нагласи академик Катица Ќулафкова на еден научен собир, одржан во Македонската академија на науки и уметности во 2014 година.

Треба долгорочно да се преосмисли натамошното чекорење по европскиот пат и каква Македонија мораме да им оставиме на идните поколенија

Република Македонија „прослави“ вчера, на 9 ноември, неславен јубилеј: изминаа 20 години од престојувањето во „еврочекалницата, откако истиот ден во 1995 година ЕУ ја донесе својата одлука да и додели статус како земја-кандидатска зе евроинтегрирање.

Свето Тоевски: Македонија не би требало да прифаќа по налог на ЕК третман како безначајна „геоополитичка трева“, која би ја газеле „слоновите“ додека се тепаат меѓу себе

Не соодветствува со автентичните државно-национални интереси на Македонија и на нејзините граѓани најновата позиција, која ја изнесе еврокомесарката за проширување на ЕУ Марта Кос, дека „земјите-кандидатки мора да направат геополитички избор на која страна се пред да влезат во ЕУ“. Спроведувањето на овој став дополнително би ја  усложнил ионака сложената ситуација, во која се наоѓа Македонија веќе изложена на сериозни критики во најновиот извештај на Европската комисија дека „не искажува резултати во реформите“ и оти „запаѓа во застој“.

To top