Македонија

Адвокатот Заев тврди дека тужителот Заев е чесен човек со исклучително висок углед

Тужбата не содржи аргументи зошто е Заев чесен и кои вредности ги создал

Во тужбите поднесени од правниот застапник на екс премиерот Зоран Заев против кардиохириргот Жан Митрев и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски има интересни наводи кои тешко можат да потврдат.

Во тужбите Заев бара еден милион од Жан Митрев и Петрушевски, а ги тужи затоа што според него му го нарушиле угледот со клеветење.

Тужбите се поднесени до Основен суд Струмица, а вредноста на секоја од нив изнесува 500.000 денари.

Според наводите во поднесоците, Заев смета дека со јавни изјави и настапи му биле изнесени невистинити факти за бизнис со марихуана и за обид за купување на болница.

Заев во објавата на тужбата тврди дека „Не постои никаква дилема дека ќе се докаже лагата и на двајцата“, иако за еден од овие предмети веќе се води истрага пред Скопското обвинителство.

Во тужбите адвокатот Горан Заев за тужителот Зоран Заев тврди дека е чесен човек со исклучително висок углед и дека создавал вредности за општеството.

Врз основа на што се тврди дека Зоран Заев е чесен и има висок углед не се наведува во тужбата.

Адвокатот Заев не наведува ни кои се вредностите кои ги создал тужителот Заев за македонското општество.

Најнови вести од: Македонија

Бујар Османи ја кодоши Македонија пред меѓународната заедница

Тврди дека Владата погрешно ја претставува природата на студентските протести, етикетирајќи ги како партиски, а ваквите обиди за заблуда, како што вели, не ја одразуваат вистинската грижа на студентите кои се директно поврзани со спроведувањето на постојните права.

To top