Македонија

Ахмети не гледа пораз на изборите, најави длабинска анализа и обнова на партиските редови

ДУИ ги изгуби сите поголеми градови како Кичево, Струга, Дебар, Тетово. Ахмети кој постојано зборува дека неговите опоненти во албанскиот политички блок немале легитимитет, по вториот круг од локалните избори целосно делегитимиран – ги изгуби најголемите битки во општините со албанско население.

ДУИ тоне како меур од сапуница. Дебакл и силен удар за партијата на Али Ахмети – локалните избори се порака за Интегративците дека се на погрешен пат и дека кај граѓантие веќе не поминуваат нивните празни флоскули и националистичката реторика.

По вториот круг од локалните избори во обраќање до гласачите од партиското седиште во Мала Речица рече дека иако на соевтничките листи победиле со со повеќе од 23 илјади гласови во однсо на Вреди, сепак ја прифатил пораката од граѓаните кои според него бараат промени во начинот на кој ги претставуваат партиските вредности на терен. Интегративците синоќа добија само едно градоначалничко место, во Студеничани, а нивните кандидати ги загубија изборите во Кичево, Струга, Дебар и Тетово, со што за прв пат останаа без ниту една поголема општина.

  • Губењето на некои градоначалнички позиции е повик за зајакнување на структурите, приближување до луѓето и подобрување на начинот на кој управуваме со локалната политика. Ќе направиме длабинска анализа, ќе ги обновиме нашите редови и ќе продолжиме посилни, со истото убедување: дека ова е патот кон еднаквост, кон развој и кон модерна, европска држава,- изјави – Али Ахмети – Претседател на ДУИ.

Во вториот изборен круг ВРЕДИ освоија четири градоначалнички места, со што ќе раководат во вкупно девет општини. Со огномети, зурли, тапани и развиорени албански знамиња, синоќа коалицијата славеше на плоштадот во Тетово од каде се обрати и старо новиот градоначалник Биљал Касами.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: ДУИ не изгради ниту еден километар автопат

Вицепремиерот и министер за транспорт изјави дека Владата инвестира меѓу 1,6 и 1,8 милијарди евра во изградба на автопати од Коридорот 8, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека во своите мандати не изградила ниту еден километар автопат

Е-трговијата бележи рекорд: За една година, граѓаните потрошиле 950 милиони евра на онлајн купување

Во 2025 година онлајн трансакциите во Македонија пораснале за 32 отсто, што според Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТСМ) укажува на зголемена доверба во дигиталното купување, развој на плаќањата и силен импулс за понатамошен раст на секторот.

To top