Македонија

Албанци брзаат во Македонија по поевтина нафта и храна, колони на Ќафасан

Зголемена дневна фрекфренција од албански граѓани на ГП „Ќафасан”

Голем проток на возила денеска е забележан на граничниот премин Ќафасан. Според информациите, редиците се создадени поради зголемената потреба за купување нафта и храна по пониски цени, кои пораснаа и во Албанија, но и низ целиот свет поради војната во Иран.

Од снимките објавени од „Еуроњуз Албанија“ се гледаат долги редици возила. Според извештаите, граѓаните потребувале повеќе од два часа за да преминат од Албанија кон Македонија. Слична ситуација е пријавена и на граничниот премин Какавија со Грција.

Посочуваат дека цените на горивата во Албанија се повисоки отколку во Македонија. На пример литар дизел во Албанија е 2,2 евра.

Инаку, за утре во Скопје е најавена вонредна владина седница, на која премиерот Христијан Мицкоски најави дека ќе се намалат акцизите за горивата, со цел да се спречи значително поскапување.

Видеото може да го погледнете тука.

„Во моментот немаме никакви индиции дека би било потребно воведување ограничувања од аспект на волумен, за разлика од тоа што направија некои земји – членки на Европската Унија. Напротив, голем број граѓани од соседните земји доаѓаат кај нас и ги полнат резервоарите на своите возила“, рече Мицкоски во изјава за медиумите.

На прашање дали постои можност дел од препораките на ЕУ за штедење на гориво да се применат, премиерот одговори: „Имаме доволни количини, па засега нема никаква потреба за тоа.“

Најнови вести од: Македонија

90 години од смртта на Леонхард Готхилф Мазинг, авторот на првата докторска теза за засебноста на македонскиот јазик

На денешен ден, 4 април 1936 година (пред 90 години) во Тарту, Естонија почина Леонхард Готхилф Мазинг, авторот на првата докторска теза за засебноста на македонскиот јазик

Третманот со ефикасна терапија и поголемиот буџет за Онкологија го продолжува животот на пациентите со рак

Се зголемува животниот век на пациентите со три вида рак – на дојка, на бели дробови и на кожа (меланом) за разлика од пред неколку години кога смртноста беше поголема, што се должи на поквалитетен третман, нови лекови и поголем буџет за лекување односно поголемо издвојување по пациент на Клиниката за радиотерапија и онкологија

To top