Македонија

Александар Јовановски: Поубаво Кичево со нови шуми и чист воздух

Александар Јовановски, кандидат за градоначалник на општина Кичево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во своето обраќање до граѓаните на Кичево ја истакна важноста на природното богатство на градот.

Jovanovski
vmro-dpmne.org.mk/

Александар Јовановски, кандидат за градоначалник на општина Кичево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во своето обраќање до граѓаните на Кичево ја истакна важноста на природното богатство на градот.

„Нашиот град Кичево беше познат по богата шума, по огромен шумски појас, по боровите, по чистиот воздух, по убавата животна средина. За жал, еден дел од тој шумски појас се уништи со несовесно користење и дел со изградбата на големиот проект за автопатот кој ќе не поврзува со Охрид. Кога ќе дојдам на позиција градоначалник, веднаш ќе преминам кон проект за пошумување и враќање на старата шума со што ќе допринесеме за почист воздух, почиста животна средина и поубав живот за сите нас во Кичево“, изјави Јовановски.

Тој ја заврши својата изјава со оптимизам, додавајќи: „Победуваме!“

Најнови вести од: Македонија

Средба на Гаши со поранешните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал средба со досегашните претседатели на законодавниот дом Тито Петковски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески кои информирал за процесите на донесување на нов етички кодекс за пратениците и на дигитализација на целокупното работење на Собранието, што почна да се применува од 1 јануари оваа година. Укажал на значењето на дигитализацијата на видео записите од седниците на Собранието почнувајќи од првиот состав на Собранието по независноста на државата

To top