Македонија

Битола: Внука со нож сакала да ги заколе дедото и бабата!

Нанесувајќи им неколку убодни рани, внука се обидела да ги убие своите баба и дедо, вчера во Битола. Осомничената, според Обвинителството, е лишена од слобода и се преземаат мерки за обезбедување докази. „По овластување на јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Битолско, екипи на МВР извршиле вештачење на местото на настанот во куќата на улица […]

Нанесувајќи им неколку убодни рани, внука се обидела да ги убие своите баба и дедо, вчера во Битола.

Осомничената, според Обвинителството, е лишена од слобода и се преземаат мерки за обезбедување докази.

„По овластување на јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Битолско, екипи на МВР извршиле вештачење на местото на настанот во куќата на улица „Солунска“, каде според првичните информации, внуката, при вршење семејно насилство, се обидела да ги убие своите баба и дедо, нанесувајќи им неколку убодни рани.
Јавниот обвинител дал неколку наредби и упатства за целосна истрага на настанот“, информираат од Обвинителството.

Најнови вести од: Македонија

Говеда, џукели, глупи сте, ништо не знаете – со овие зборови им се обраќала претседателката на кумановскиот суд на вработените

Дури 75 од 90 вработени ја потпишале претставката против Снежана Манев, УПОЗ дава рок од осум дена, а потоа најавува протести и штрајк. Манев ги отфрла обвинувањата.

Хуманитарната трка „Трчаме со срце“ – 290 тркачи, едно срце и една повисока цел

Градскиот парк во Скопје на 19 септември пулсираше во ритамот на хуманоста, дружењето и спортскиот дух. На јубилејната СОС Хуманитарна трка powered by IT4Charity, 290 тркачи застанаа на стартната линија со една заедничка цел – да трчаат со срце и да дадат свој придонес за децата и младите на кои им е потребна поддршка.

To top