Македонија

Благодарност од претседателката Сиљановска-Давкова за упатените честитки по повод 8 Септември – Денот на независноста

За Доналд Трамп и останатите државници

Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, во име на македонските граѓани и во лично име, изразува благодарност за упатените честитки по повод 8 Септември – Денот на независноста, што досега пристигнаа од:

Н.Е. Доналд Трамп, Претседател на Соединетите Американски Држави

Н.В. Карл XVI Густаф, Крал на Кралството Шведска

Н.В. Филип, Крал на Белгијците

Н.Е. Касим-Жомарт Токаев, Претседател на Република Казахстан

Н.Е. Никушор Дан, Претседател на Романија

Н.Е. Никос Христодулидис, Претседател на Република Кипар

Н.Е. Исак Херцог, Претседател на Државата Израел

Н.Е. Дина Болуарте, Претседател на Република Перу

Н.Е. Мохамед Шахабудин, Претседател на Народна Република Бангладеш

Н.Е. Вјоса Османи-Садриу, Претседател на Република Косово

Н.Е. Александер Стуб, Претседател на Република Финска

Н.Е. Реџеп Таип Ердоган, Претседател на Република Турција

Н.Е. Тамаш Шујок, Претседател на Унгарија

Н.Е. Карин Келер Сатер, Претседател на Швајцарската Конфедерација

Н.Е. Наташа Пирц Мусар, Претседатеката на Република Словенија

Н.Е. Франк-Валтер Штајнмајер, Претседател на Сојузна Република Германија

Н.Е. Драган Јаќимовиќ, Амбасадор на Босна и Херцеговина.

Најнови вести од: Македонија

Самсунг (Samsung) ја претстави серијата Galaxy S26 во Македонија: Ера на интелигенција без напор и врвна приватност

Моќен хардвер, водечки во индустријата систем на камери и напредни, интуитивни искуства со вештачка интелигенција наскоро достапни и за корисниците во Македонија

(Видео): Жена е убиена поради институционални слабости – понорот се полни со човечки животи, рече Битиќи

Во општество во кое доминираат дискриминацијата и понижувањето, жените постојано се принудени да докажуваат дека заслужуваат да бидат слушнати, почитувани и заштитени. Тој посочи и на економската нееднаквост со која се соочуваат жените, нагласувајќи дека само околу 38 проценти од жените се вработени, додека 57 проценти се економски неактивни, а кај младите жени стапката на вработеност изнесува 27,6 проценти, наспроти 39,3 проценти кај младите мажи.

(Фото): Нема простор за загриженост, залихи на горива има и состојбата е под контрола, рече премиерот

Премиерот Христијан Мицкоски информираше дека остварил средба со претставници на нафтената индустрија во државата, на која се разговарало за актуелната состојба со нафтените деривати. Како што посочи во објава на социјалните мрежи, на состанокот биле разгледани состојбите имајќи ја предвид кризата на Блискиот Исток и глобалните предизвици со кои се соочува оваа индустрија.

Практична крипто едукација за почетници на Binance Learning Lab во Скопје

Сандро Слукан, регионален маркетинг менаџер за Балканот, ја нагласува важноста на ваквите настани за сите што сакаат да влезат во светот на крипто со повеќе знаење и самодоверба: „Растечкиот интерес за крипто и дигитални финансии покажува дека регионот брзо се развива, а со Learning Lab сакаме да им овозможиме на сите што сакаат да започнат преку практична работа и разговор со експерти, да ги стекнат неопходните знаења. Продолжуваме со нашата мисија крипто да го направиме достапно, разбирливо и блиско за сите“, истакнува Слукан.

Мицкоски: Безбедносната состојба е стабилна, но можно е поскапување на нафтата, се бараат начини да се намали ударот врз граѓаните

Стабилна и мирна е безбедносната состојба по воените дејствија на Блискиот Исток, изјави премиерот Христијан Мицкоски, дополнувајќи дека се можни економски предизвици во иднина. На седницата на Советот за безбедност организирана од претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, премиерот вели дека направиле анализа врз основа на информациите што ги добиле од службите и од министерствата за одбрана и за внатрешни работи.

Шест возачи приведени поради безобѕирно возење, меѓу нив и двајца малолетници! Управувале автомобили без возачка дозвола, еден бил и пијан!

Полицијата вчера на територијата на целата држава лишила од слобода шест возачи поради безобѕирно управување со моторно возило, информираат од Министерството за внатрешни работи. Од нив, петмина управувале возило без возачка дозвола, а еден возач бил фатен како вози под дејство на алкохол.

Мицкоски: СДСМ е најголемата опасност за македонскиот идентитет и македонската држава, нивната цел е да им зададат удар и да ги разнебитат!

„Не би сакал да ја коментирам безидејната, мекотелна опозиција. Опозицијата бара оставки секој ден од секого. Без разлика на тоа какви се нивните аргументи, институциите постапуваат, а и министерот Тошковски на прес-конференција направи јасна ретроспектива за тоа што и како се случувало. СДСМ е најголемата опасност врз македонскиот идентитет и македонската држава и ги замолувам граѓаните со резерва да ги прифаќаат сите лажни конструкции и соопштенија, кои доаѓаат од Бихаќка. бидејќи тие имаат само една цел: да го разнебитат македонското ткиво и да му зададат удар врз македонскиот идентитет.“ – нагласи премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање за барањето на СДСМ министерот за внатрешни работи Панче Тошковски да поднесе оставка, поради трагедијата во Карпош.

Институтот за јавно здравје отстрани 10 тони опасен хемиски отпад што можел да предизвика хаварија

Во рамки на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) повеќе од 10 години се чувале 10 тони опасен хемиски отпад, што можел да предизвика хаварија и претставувал голем ризик за здравјето на луѓето и безбедноста. Како што информира денеска директорката на Институтот, Марија Андоновска отпадот е моментно безбедно отстранет и  нема да остане во државата, туку ќе биде согорен надвор.

Најнови вести

To top