Македонија

Бојковска: Економијата расте, инфлацијата се намалува

Политиките на Владата кои носат инвестиции, даваат резултати

Денес продолжуваме со економските показатели кои најдиректно ја покажуваат состојбата во државата, јавниот долг, економскиот раст и инфлацијата за време на претходната влада на СДС, со периодот на власт на ВМРО-ДПМНЕ. Кога ќе ги ставиме бројките на едно место, можеме јасно да видиме од каде тргнуваме, каде сме денес и какви се предизвиците што стојат пред нас, вели пратеничката Драгана Бојковска, на денешната прес комференција на ВМРО-ДПМНЕ.

„На 31 декември 2017 година јавниот долг изнесувал 4,787 милијарди евра, односно 47,7% од БДП, а според податоците на ММФ, БДП изнесувал 11,34 милијарди долари. Шест години подоцна, на 31 декември 2023 година, јавниот долг достигнал 8,477 милијарди евра, односно 57,8% од БДП, додека БДП изнесувал 15,86 милијарди долари.

Тоа значи дека за период од шест години власт на СДС, јавниот долг се зголемил за 3,690 милијарди евра, додека БДП во истиот период пораснал за 4,52 милијарди долари, односно приближно 3,9 милијарди евра.

Сега да ги споредиме бројките за време на власт на ВМРО-ДПМНЕ.

На 31 декември 2024 година јавниот долг изнесувал 9,619 милијарди евра, односно 61,4 проценти од БДП, додека БДП според податоците на ММФ изнесувал 16,95 милијарди долари.

Заклучно со 30 јуни 2026 година, јавниот долг изнесува 10,726 милијарди евра, односно 58,8 проценти од БДП. Според проекцијата за крајот на 2026 година, јавниот долг би достигнал околу 11 милијарди евра, додека според ММФ, Бруто домашниот производ ќе изнесува 21,61 милијарда долари.

Тоа би значело дека за период од две години јавниот долг би пораснал за околу 1,381 милијарда евра, додека БДП би се зголемил за околу 4,66 милијарди долари, односно приближно 4,02 милијарди евра“, рече Бојковска.

„Ова е разлика која покажува дека за прв пат со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, БДП производ е за скоро три пати поголем од нивото на задолжување, што значи дека задолжувањето е со јасна економска цел што создава дополнителна вредност за државата.

Овие показатели потврдуваат дека задолжувањето е преточено во инвестиции кои создаваат услови за посилен економски раст, нови работни места и повисок животен стандард. Тоа е разликата меѓу задолжување за развој и задолжување без јасен резултат.

Истовремено, кога зборуваме за економската состојба, мора да ја земеме предвид и да ја анализираме и инфлацијата, сега со периодот на власт на СДС.

Во јули 2026 година, инфлацијата во Македонија изнесува 2,3% на годишно ниво, што претставува сериозно намалување на ценовните притисоци во споредба со јули 2022 година, кога инфлацијата изнесувала високи 16%.

За споредба, од земјите во регионот само Србија има пониска инфлација од нас со 1,9%, потоа Словенија 2,9%, Албанија и Грција по 3,4%, Црна Гора 3,8%, Хрватска 3,9% Бугарија 4,1, Босна и Херцеговина 4,5%, Косово 6,5, Романија 8,16 и Турција 31,75%.

Додека за време на власт на СДС кога во Македонија инфлацијата рушеше рекорди со 16% во јули, во истиот период поголем дел од земјите во регионот имаа пониска инфлација од нас.

Така, Албанија имала инфлација од 7,5%, Словенија 11%, Грција 11,6%, Хрватска 12,7%, Србија 12,8%, Косово 14,2%, Црна Гора 14,9% и Романија 15%. Само Босна и Херцеговина со 16,7%, Бугарија 17,3% и Турција од дури 79,6% имаа повисоко ниво на инфлација од Македонија“, кажа таа.

„Овие проценти покажуваат дека темпото со кое растат цените е значително забавено, а задача на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е да обезбеди дополнително зголемување на куповната моќ на граѓаните преку реален раст на платите и пензиите, поголема продуктивност и силна економска активност.

Од друга страна, сакаме секое задолжување да има своја економска оправданост, секоја инвестиција да носи резултат, а економскиот раст да се претвори во повисок животен стандард, затоа што тоа е одговорен пристап кон јавните финансии и кон иднината на државата.

Политиката на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е насочена кон економски раст кој се темели на инвестиции, производство, нови работни места и повисоки приходи за граѓаните, затоа ќе продолжиме со политики кои носат инвестиции, раст, повисоки плати и пензии и поголема економска сигурнос“, истакна Драгана Бојковска

Најнови вести од: Македонија

Хориха: Македонијо, ти благодарам за љубовта и довербата! Ти стана за мене многу повеќе од само една земја!

Украинскиот ракометар Дмитро Хориха и официјално доби право да настапува за македонската машка ракометна репрезентација. Тој испрати посебна порака до земјата во која, како што вели, веќе не ја гледа само средината во која живее и игра ракомет. „Ти благодарам, Македонијо, за довербата, за љубовта и за тоа што стана многу повеќе од само една […]

(Видео): Филипче и Герасимовски молчат, додека граѓаните алармираат за изградба во близина на главна водоводна цевка, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Жителите на улицата „Партение Зографски“ на Водно алармираат за градежни активности во непосредна близина на главната водоводна цевка и стравуваат од можни оштетувања и проблеми со водоснабдувањето. Се бара итен инспекциски надзор и одговори од Општина Центар за контролата на изградбата и безбедноста на водоводната инфраструктура.

(Фото): Кога талентот има поддршка, успесите немаат граници – Четири години заедничка приказна на „Триглав“ со Македон Димитровски

За знаењето и талентот не постојат граници, ниту пак години. Македон Димитровски, момчето чие име веќе години наназад е синоним за вонсериски математички ум и гордост на нашата земја, продолжува да реди успеси и да го потврдува својот исклучителен потенцијал на домашната и меѓународната сцена.

Неврологот Барбов се чувствува злоупотребен од Ива: Предложив да се лекува во Бугарија, но таа се преправаше!

Неврологот Иван Барбов вели дека се чувствува злоупотребен од страна на Ива Михаилова, која доаѓала кај него на лекување со посттраумтска повреда по сообраќајната несреќа.

To top