Македонија

Бугарски европратеник во одбрана на ,,бугарската гражданка” Данела Арсовска

Софија во одбрана на скопската градоначалничка

Уште еден вознемирувачки напад врз бугарски државјанин во Македонија.

 

Вака бугарскиот европратеник Андреј Ковачев застана во одбрана на ,,бугарската гражданка” Данела Арсовска.

 

,,Сериозно сум загрижен од она што се случи денес со градоначалничката на градоначалничката на град Скопје г-ѓа Данела Арсовска – бугарска државјанка. Ги повикувам Министерството за надворешни работи и бугарската амбасада во Скопјe веднаш да ѝ обезбедат правна, конзуларна и морална заштита.

 

Ова е уште еден случај на насилство, малтретирање и јавно линчување врз бугарски државјани кои држат високи јавни функции и стекнале бугарско државјанство врз основа на докажано бугарско потекло – само затоа што се осмелиле да се изјаснат како Бугари.

 

За жал, притисокот е толку силен што нашите сонародници се принудени да го кријат или негираат својот бугарски идентитет”, вели Ковачев во изјавата.

 

Според него бугарската држава има должност кон своите над 216.000 бугарски државјани во Република  Македонија, кои станале такви по своја слободна волја, го докажале своето бугарско потекло со документи и со свој ракопис изјавиле дека сега се чувствуваат етнички Бугари. Бугарија е должна да ги заштити нивните права, безбедност и човеково достоинство, вели Ковачев кој е европратеник од редовите на владеачката партија ГЕРБ на Бојко Борисов.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top