Македонија

Честитка од претседателката по повод Меѓународниот ден на Бошњаците: Посакувам меѓусебно да се почитуваме и разбираме!

Официјална честитка од претседателката

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитки по повод Меѓународниот ден на Бошњаците, кој се одбележува на 28 септември.

Во пораката се наведува:

„Вие, Бошњаците, не сте само припадници на еден етнос, туку и важен човечки капитал. Вие, Бошњаците, имате не само уставно загарантирано право слободно да го изразувате, негувате и развивате својот идентитет преку културни, уметнички и образовни институции и здруженија, туку и реално да го остварувате.

Вие, Бошњаците, сте релевантен субјект во процесот на политичко одлучување, и во економскиот развој. Вие, Бошњаците, имате долга, автентична и богата национална приказна, којашто ја пишуваа вашите претци, денес ја пишувате Вие, а ќе ја пишуваат и генерациите по вас!

Посакувам младите Бошњаци да растат, да учат, да се образуваат и да се радуваат во мирна, здрава, демократска, солидарна, компетитивна и просперитетна европска држава.

Посакувам меѓусебно да се почитуваме и разбираме во градењето заеднички дом на рамноправни и среќни граѓани, во којшто, различностите ќе се почитуваат, а вредностите и принципите ќе не обединуваат, без оглед на етничката и верска припадност!“

Најнови вести од: Македонија

Не сите во Софија се радикали, има и разумни луѓе кои се борат против бугарската хистерија за Македонија

За топ бугарски интелектуалец тврдењата на Софија за македонскиот јазик и нација како вештачки и настанати по 1945 година се „неубедливи, наивни и застарени“

To top