Македонија Бизнис

Четири банки ги намалија провизиите, НБРМ покренува нова иницијатива за проширување на функциите преку платежна сметка

Иницијативата на Народната банка за намалување на надоместоците за користење на платежните услуги веќе ги даде првите резултати.  Четири банки, три големи една средна, од почетокот на месецов ги намалија провизиите за граѓаните и компаниите. Гувернерот Трајко Славески, на денешната прес- конференција  најави дека Народната банка ќе покрене иницијатива и за измени на сегашното законско решение […]

Иницијативата на Народната банка за намалување на надоместоците за користење на платежните услуги веќе ги даде првите резултати.  Четири банки, три големи една средна, од почетокот на месецов ги намалија провизиите за граѓаните и компаниите. Гувернерот Трајко Славески, на денешната прес- конференција  најави дека Народната банка ќе покрене иницијатива и за измени на сегашното законско решение за платежната сметка со основни функции, со кои ќе се овозможи нејзино помасовно користење од страна на граѓаните за извршување на плаќањата кај сите банки. Со измените на Законот за платежни услуги и платни системи, се предлага отстранување на дел од постојните ограничувања и значително проширување на услугите што граѓаните ќе можат да ги користат преку платежната сметка со основни функции.

Најзначајните новини се: Можност за дозволено пречекорување, можност да се поседува платежна сметка со основни функции дури и ако потрошувачот има други сметки, како и проширен сет бесплатни или евтини услуги – којшто покрај интерните, ќе ги вклучи и меѓубанкарските електронски трансфери, издавањето дебитна картичка и до четири подигнувања  готовина месечно од банкоматите на други банки во износ до 2.000 денари по трансакција. Во овој сет влегуваат и други услуги коишто и досега можеа да ги користат граѓаните, односно уплатите и подигнувањата готовина на банкоматите и шалтерите на банката, користењето на електронското и мобилното банкарство, како и плаќањата со платежна картичка на физичките продажни места и во интернет-трговијата. Во моментов граѓаните не можат да отворат ваква сметка ако имаат сметки во други банки. Оние од ранливите категории ќе ги добиваат овие услуги бесплатно.

„Предлагаме цената на услугите коишто ќе може да се користат преку платежната сметка со основни функции да биде поврзана со износот на минималната бруто-плата во земјава и да биде утврдена најмногу на 0,1% од неа, па согласно важечката минимална бруто-плата за 2025 година, таа би изнесувала 36 денари на месечно ниво. За граѓаните коишто ѝ припаѓаат на групата законски корисници на права, односно т.н. ранливи категории граѓани, овие услуги ќе бидат целосно бесплатни“, истакна Славески.

Народната банка ќе работи со банките и на воспоставување национална мрежа на банкомати за подобар пристап до готовина низ целата земја. Оваа  идеја би се остварила најдоцна до крајот на наредната 2026 година.

Покрај ова, Народната банка ќе предложи и приспособен пакет за микротрговци – најчесто семејни бизниси коишто имаат ограничени ресурси, со цел да се поттикне финансиската вклученост и дигитализацијата на плаќањата. Се очекува дека поповолните услови за користење на платежните услуги ќе бидат достапни за граѓаните и за микротрговците по донесувањето на законските измени, односно дека ќе бидат во примена од почетокот на 2026 година. 

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Илија Андовски привремен администратор на „Алта банка“ АД Битола

Тројца вработени во Народната банка – Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска, се именувани за администратори во „Алта банка“ АД Битола, со што управувањето со банката преминува во рацете на централната банка. Андовски е посебно овластен да ги потпишува одлуките што ќе се носат во периодот на привремената администрација.

Средба на Сиљановска-Давкова со Копман од ЕК: Потребно е забрзување на евроинтеграцијата во услови на блокади

Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на работната посета на Брисел денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST) на Европската комисија.

(Видео): Нема милионски одливи од „АЛТА банка“, трансакциите со Србија се редовни плаќања на клиентите, рече гувернерот

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да ги презема сите активности во рамките на своите законски надлежности, со цел заштита на средствата на клиентите и зачувување на стабилноста на Банката и на банкарскиот систем.

To top