Македонија

Деановски и Ралповски: Постигнавме договор со Владата, ова е историска придобивка за вработените во администрацијата

Општиот колективен договор во јавниот сектор е истечен, наскоро ќе треба да почнат преговорите за потпишување нов Општ колективен договор

Постигнавме договор со Владата, ова е историска придобивка за вработените во администрацијата, рекоа денеска претставниците на репрезентативните синдикати по средбата со премиерот Христијан Мицкоски и неговиот економски тим. За околу 11 000 административци ќе се потпишуваат поединечни колективни договори, а предвидено е да добијат покачување на платите од скоро 40 отсто до 2028 година.

Како што истакнаа на заедничката прес-конференција претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деановски и претседателот на Синдикатот на администрацијата, државната управа и правосудството (САДУ), Благоја Ралповски, со оглед дека Општиот колективен договор во јавниот сектор е истечен, наскоро ќе треба да почнат преговорите за потпишување нов Општ колективен договор.

-По скоро 1,5 година преговори и барање на Синдикатот на УПОЗ, постигнавме договор со Владата – ќе се потпишуваат поединечни колективни договори со кои конечно вработените во управата и правосудството ќе имаат методолопгија за покачување на платите. Многу пати потенциравме во минатото, дека овие вработени остануваа некако сами, на крај, но со ова покачување на плата ќе имаме и поповолно право од она во Општиот колективен договор, како и систем до 2028 година што ќе гарантира дека ќе имаат достоинствени плати. Останува да го допрецизираме текстот на колективниот договор што мислам дека ќе биде најмал проблем и да ги потпишеме сите индивидуални колективни догововри за да може вработените да добијат повисоки плати, рече претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деановски.

Тој објасни дека со секое усогласување на минималната плата, вработените ќе добиваат процентуално зголемување кое, на крај, во 2028 година, би требало да изнесува околу 40 отсто зголемена плата за сите што ќе потпишат индивидуални колективни договори.

-Она што е уште подбро за нас како Синдикат, е што ова право се дава во поединечен колективен договор, што би значело дека во кое било време, ако утврдиме уште повеќе права за вработените, постапката за потпишување или измена на тој колективен договор би била многу побрза отколку да се носи нов закон. Ова е многу добар начин за регулирање, зашто многу подобро се дисперзираат и многу поголеми права ќе се дадат на вработените, рече Деановски.

Според претседателот на Синдикатот на администрацијата, државната управа и правосудството (САДУ) Благоја Ралповски, денеска неправдата е конечно исправена.

-Денеска се случува историска придобивка за вработените во админситрацијата. Ова покачување требаше да се случи лани. Се радувам дека и колегите конечно го прифатија ова како поповолно право за вработените кои секогаш остануваат најназад со платата и имаа најмали плати во јавниот сектор. Ова е историски момент, истакна Ралповски.

Тој изрази благодарност до премиерот Христијан Мицкоски кој, како што рече, имал разбирање за овие вработените. Ралповски упати благодарност и до министрите, особено до министерката за финансии.

-Тука нема да застанеме. Ќе продолжиме со преговори зашто Општиот колективен договор во јавниот сектор е истечен. Треба да седнеме и да почнеме преговори околу потпишување нов Општ колективен договор, потенцира Ралповски.

Премиерот Мицкоски го оцени постигнатиот договор како храбар и историски чекор, но им порача на вработените во администрацијата дека од нив очекува да обезбедат подобри услови за граѓаните и бизнисот.

Мицкоски: Постигнат е договор, околу 11.000 административци ќе добијат зголемување на платите од речиси 40 отсто до 2028

Најнови вести од: Македонија

Димитриеска-Кочоска: Состојбата со енергенсите во моментот е стабилна, ако има потреба ќе интервенираме

Во однос на критиките од опозицијата дека Владата доцни со мерките, министерката за финансии посочи дека состојбите сега се сосема различни од оние во 2022 година

Ифтарска вечера организирана од Владата, за Мицкоски момент на заедништво, почит и духовна поврзаност

Премиерот Христијан Мицкоски преку Фејсбук објава извести дека вечерва Владата организирала ифтарска вечера, која ја означи како момент на заедништво, почит и духовна поврзаност

Потпишан Анексот број 8 од Договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид

Договорот треба да се овозможи дозвршување на градежните работи на автопатот во изградба, при што се предвидуваат дополнителни 186 милиони евра и краен рок за завршување 31 мај 2027 година

(Фото): Катни гаражи, кружен тек, инвестиции во Скопје – градската каса потешка за 166 милиони денари

Советот на Град Скопје на денешната седница го усвои ребалансот на буџетот со кој се зголемуваат средствата за дополнителни 166 милиони денари, наменети за нови капитални инвестиции во градот. Според скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, овие средства се обезбедени како резултат на подобрата наплата и се резултат на домаќинско и одговорно работење, без ново задолжување

Дури 11 пријави за семејно насилство за само еден ден – што им се врти во умот на сторителите?!

Полицијата интервенирала во повеќе градови по серија пријави за семејно насилство и закани меѓу роднини и партнери. Четири лица биле приведени, двајца биле повикани на службен разговор, а за сите 11 случаи се преземаат мерки и ќе следуваат соодветни пријави. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на сите случаи. По целосното документирање, против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

To top