Македонија

Денеска во Истанбул Сиљановска -Давкова на средба со Ердоган

Сиљановска-Давкова потоа ќе учествува на Дипломатскиот форум во Анталија

Денеска во Истанбул, пред официјалниот почеток на Дипломатскиот форум во Анталија, Сиљановска-Давкова ќе оствари билатерална средба со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.

Сиљановска-Давкова потоа ќе учествува на Дипломатскиот форум во Анталија, се вели во најавата од кабинетот на Сиљановска-Давкова.

Претседателката ќе престојува во работна посета на Република Турција, по повод учеството на петтото издание на Дипломатскиот форум во Анталија, коешто се одржува од 17 до 19 април на тема „Мапирање на иднината, управување со неизвесностите“.

Во петок – 17 април, Сиљановска-Давкова ќе се обрати на „Лидерскиот панел“ на Дипломатскиот форум во Анталија, којшто ќе го модерира Мевлут Чавушоглу, поранешен министер за надворешни работи, пратеник во Големото национално Собрание и шеф на турската делегација во ПС на НАТО. Останати учесници на панелот се: претседателот на Казахстан, Касим-Жомарт Токаев, премиерот на Пакистан, Мухамад Шехбаз Шариф, премиерот и министер за надворешни работи на Катар, шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани и премиерот на Грузија, Иракли Кобахиѕе.

На 5. Дипломатски форум во Анталија, којшто е во организација на Министерството за надворешни работи на Република Турција, под покровителство на претседателот Реџеп Таип Ердоган, се најавени учесници од 155 земји, меѓу кои 21 шеф на држава и влада, 61 министер, како и десетици парламентарци, се вели во објавата од кабинетот на претседателката.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски со порака до Брисел: Проширувањето на ЕУ е инвестиција во сопствената безбедност

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка инвестиција во безбедноста, силата и иднината на Европа, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

Поплавена зградата на „Нова Македонија“

Пет до шест дена ќе бидат потребни за нормално функционирање на зградата на „Нова Македонија“, откако е утврдено дека поплавата ја предизвикала пукната топловодна цевка на вториот кат, изјави директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски.

To top