Македонија

Детали за групата од АНБ која била задолжена за следење на политичари, новинари, бизнисмени

Група од околу десет вработени, предводена од Виктор Димовски, поранешен директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), и Јовче Ременски, поранешен висок функционер во Агенцијата, имала задача да идентификува „непријателски елементи“ во државата.

Група од околу десет вработени, предводена од Виктор Димовски, поранешен директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), и Јовче Ременски, поранешен висок функционер во Агенцијата, имала задача да идентификува „непријателски елементи“ во државата. Според наводите, овие елементи наводно планирале да ја урнат тогашната власт и се противеле на евроинтеграцијата на Македонија, особено на францускиот предлог. Главна цел на оваа група биле високи претставници на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, уредници и новинари на медиуми со опозициска уредувачка политика, како и бизнисмени блиски до овие кругови, дознава МКД.мк од извори во обвинителството.

Оваа група собирала информации за активностите на членовите на ВМРО-ДПМНЕ, новинари, уредници и бизнисмени, вклучително за нивните средби со дипломати, содржината на тие разговори, контакти со други лица и други активности. Во повеќето случаи, за примена на посебни истражни мерки била обезбедена законска процедура, односно согласност од обвинителството и дозвола од Врховниот суд, со образложение дека овие лица наводно подготвувале уривање на власта или се противеле на евроинтеграцијата. Со ваквото образложение, дозволите за следење на комуникациите лесно се добивале согласно Законот за следење на комуникациите. Сепак, за дел од случаите известено е Јавното обвинителство дека не била почитувана законската процедура.

Според Законот за следење на комуникациите, посебните мерки вклучуваат следење и тонско снимање на комуникации на отворен простор и јавни места, снимање на внатрешноста на објекти и затворени простории, како и визуелно следење и фотографирање на лица на јавни места.

Извори од АНБ нагласуваат дека медиумите треба да бидат претпазливи при известувањето за овие случаи, бидејќи станува збор за сензитивен процес поврзан со индиции за незаконски активности на мала група вработени. Тие појаснуваат дека не станува збор за прислушување, туку за други посебни истражни мерки. Според АНБ, Јавното обвинителство треба да донесе конечна одлука врз основа на овие индиции, а информациите од Агенцијата треба да се пренесуваат во изворна форма, без сензационализам или претерувања.

Според извештаите доставени до Јавното обвинителство пред еден месец, АНБ објаснува дека станува збор за внатрешна истрага за настаните во Агенцијата за време на мандатот на Виктор Димовски. Од сведочењата на поединци и полиграфските тестирања произлегле индиции за злоупотреба на државните институции под изговор дека се спречува наводно уривање на власта.

Интересно е што, покрај етикетирањето на одредени лица како „државни непријатели“ поради несогласување со политиките на тогашната власт, постои сомневање и за финансиски малверзации. Имено, за дел од активностите на безбедносните служби, вклучително примената на посебни мерки, биле исплатени средства од специјалната каса на АНБ. Постои сомневање дека оваа група, во период од нешто повеќе од една година, земала околу 50.000 евра, кои биле оправдани како награди за лица од кои се собирале информации или како трошоци за нивните средби.

Сепак, останува фактот дека политичари, новинари и бизнисмени биле следени без реална потреба за примена на посебни мерки. Не постоеле докази за државен пуч, тајни активности или терористички закани, а власта се смени на редовни избори.

Од АНБ нагласуваат дека не станува збор за прислушување, туку за собирање податоци за ставовите, изјавите, средбите и активностите на целните лица. Овие информации биле дел од аналитичкиот центар на АНБ, но голем дел од нив биле пронајдени во печатена форма, на илјадници страници, оставени во канцеларија на раководни лица, надвор од пропишаните процедури. Останува нејасно зошто овие материјали биле чувани во таква форма.

Досега е потврдено дека меѓу следените биле Христијан Мицкоски, Александар Николоски, Оливер Спасовски, Драган Ковачки, обвинителката Вилма Русковска, како и уредници и новинари од медиуми со уредувачка политика различна од онаа на тогашната власт. Русковска и Спасовски биле следени поради активности против Фросина Ременска, сопругата на Јовче Ременски. Бизнисменот Орце Камчев исто така бил мета, со лажна белешка од вработен во АНБ за наводни средби со бугарски разузнавачи, што довело до негов притвор. Вработениот подоцна признал дека белешката била измислена под притисок од неговите надредени.

Злоупотребата на државните институции за партиски цели, одмазда и меѓусебни пресметки повторно го става на тест правосудниот систем во Македонија, особено во овој случај покренат од АНБ.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

Владата ги испрати Кривичниот законик и законот за кривична постапка во Брисел на мислење

Министерството за правда на Владата на Република Македонија ги достави Нацрт-кривичниот законик и Нацрт-законот за кривичната постапка до Европската комисија за мислење, со што продолжува процесот на сеопфатна реформа на казненото законодавство и негово усогласување со европските стандарди.

Претседателот на Уставниот суд на РМ Костадиновски за политичките притисоци: Не смее да ја диктираат правдата

Наша должност е да им одолееме на политичките притисоци и да ја држиме политиката во рамките на правото – порача денеска во Охрид претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски. Тој оцени дека Уставниот суд е единствената институција што треба да обезбеди политиката и државните органи да ги почитуваат уставните и законските рамки.

To top