Македонија

ДУИ ликува дека Алијанса ќе ја напушти владата

Со заминувањето на уште еден албански партнер, ова политичко мнозинство без етнички легитимитет се трансформираше во моноетничка влада, се огласи денеска ДУИ во соопштение во кое обвинува дека „владата предводена од Христијан Мицкоски целосно не успеала да ја одржи функционалноста на меѓуетничката демократија – главниот столб на долгорочната стабилност на државата“. Од опозициската ДУИ велат […]

Со заминувањето на уште еден албански партнер, ова политичко мнозинство без етнички легитимитет се трансформираше во моноетничка влада, се огласи денеска ДУИ во соопштение во кое обвинува дека „владата предводена од Христијан Мицкоски целосно не успеала да ја одржи функционалноста на меѓуетничката демократија – главниот столб на долгорочната стабилност на државата“.

Од опозициската ДУИ велат дека предупредувале „уште од самиот почеток на создавањето на ова парламентарно мнозинство, бидејќи тоа беше изградено врз монструозната амбиција да се дисциплинира цел конститутивен народ и, според нивните зборови, ‘да им се покаже на Албанците нивното место’.

Она што е особено загрижувачко е фактот што, наместо да ги признае своите неуспеси, премиерот предупредува на уште поостра и поагресивна кампања за зачувување на континуитетот на оваа моноетничка влада“, вeлат од партијатана Али Ахмети.

„Наместо да се прифати реалноста дека граѓаните бараат предвремени избори, ароганцијата и агресивноста веќе се демонстрираат на терен преку уцени, инсценирање и поткуп. На јавната сцена, владини претставници упатуваат закани дека „правдата ќе биде спроведена“ врз оние што го критикуваат премиерот, додека зад сцената се одвива срамна уцена врз пратениците, функционерите и администрацијата – Албанци, Турци и други претставници на немнозинските заедници, со цел да се обезбеди некаков вид лажна мултиетничка поддршка за оваа влада“, велат од ДУИ.

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top