Македонија

Ахмети и ДУИ со Тито и Бадинтер сакаат да ги скријат криминалот и корупцијата, анализира Хајредини

Џевдет Хајредини смета дека кампањата на ДУИ со лагата за промена на имиња на улици во Тетово цели да ја сокрие корупцијата на долгогодишните власти на ДУИ

Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини реагира остро на тековните политички случувања околу имињата на улиците и плоштадот во Тетово, оценувајќи дека се работи за организирана кампања на ДУИ за прикривање на криминал и корупција.

Во својата објава, Хајредини ја нарече „лага“ тврдењето дека во Тетово се променети имињата на улиците и централниот плоштад. Според него, оваа наводна кампања служи за да се одвлече вниманието од одговорноста на партиите и функционерите кои биле на власт повеќе од 20 години.

„Со лагата дека во Тетово се променети имињата на улиците и плоштадот, во тек е една кампања за да се крие криминалот и корупцијата на тие што над 20 години биле на власт“, истакна Хајредини.

Тој потсети дека, согласно принципот на Бадинтер, во Советот на Општина Тетово не е можно да се донесат одлуки за промена на имиња на улици без поддршка од советниците од македонските партии.

„Познато е дека без гласовите на советниците Македонци, во Тетово Советот на Општината, поради ‘Бадинтер’, не може да ги менува имињата на улиците“, додаде тој.

Реакцијата на Хајредини доаѓа по одлуката на Уставниот суд со која беше укината одлуката на Општина Тетово од 2007 година за промена на имињата на дел од улиците и плоштадот, со што се враќаат поранешните имиња, меѓу кои и плоштад „Маршал Тито“.

Оваа одлука предизвика бројни реакции во јавноста и политичкиот спектар.

Хајредини, кој е истакнат економист и поранешен функционер од албанскиот политички блок, во минатото често коментирал актуелни политички и општествени прашања во земјава.

Неговата најнова објава ја отвора можноста ДУИ со нови дебати околу етничките и историските теми да предизвика тензии во контекст на локалната самоуправа во Тетово.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Битола во силен развоен циклус – инвестиции, инфраструктура и проекти што го менуваат градот, рече Коњановски

Проект поддржан од Владата во вредност од над 40 милиони денари, со што ќе добиеме прекрасна спортска сала над 1000 метри квадратни за да можат нашите боксери кои нижат успеси да добијат адекватни услови за спортување. А тука создаваме можност и за тие кои се занимаваат со авантуристички спортови, рече Коњановски.

Теророт врз Македонците во Грција и злогласниот закон на Метаксас од 7.9.1938 за забрана на македонскиот јазик!

На 7 септември 1938 година, диктаторскиот режим на Јоанис Метаксас во Грција го донесе Законот (Правен акт) 2366, со кој радикално се засили претходната забрана и целосно се криминализираше употребата на македонскиот јазик во Егејска Македонија — вклучително и во интимата на сопствениот дом и во кругот на семејството.

Се очекуваат 50 илјади лица на утрешниот концерт на Дејвид Гета по повод 35 години независност на Македонија!

Вратите на Градскиот стадион ќе се отворат утре во 17 часот. Претставници од Министерството за внатрешни работи и Авалон продукција денеска на прес-конференција апелираа до граѓаните да пристигнат навремено, да ги почитуваат насоките од полициските службеници.

To top