Македонија

ДВ: Уште еден западен министер дојде со „празен куфер“во Македонија

Најјасно разочарувањето се гледа во Македонија каде Вадефул ја заврши својата западнобалканска турнеја во вторникот навечер: Земјата го смени името за да го деблокира процесот, но повторно беше блокирана – прво од Франција, потоа од Бугарија

Johann Wadephul (CDU), Außenminister, kommt am Flughafen an. Wadephul besucht bei seiner Reise alle sechs Westbalkanländer. Die Europäische Union hatte den Ländern 2003 den Beitritt in Aussicht gestellt und dazu Reformen in den Ländern gefordert.

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул ја заврши својата турнеја низ шест земји на Западен Балкан со јасна порака: Германија е подготвена да помогне, но реформите се клучни.
„Пристапувањето е напорен процес, но вреди да се истрае“, рече Вадефул во Тирана, пишува Франкфуртер алгемајне цајтунг (ФАЦ).

Извештајот на Европската комисија покажува големи разлики меѓу кандидатите: дури и водечките – Црна Гора и Албанија – имаат многу работа. Србија речиси не се движи напред, а Косово сè уште не е признаено од сите членки на ЕУ.

Најјасно разочарувањето се гледа во С,.Македонија каде Вадефул ја заврши својата западнобалканска турнеја во вторникот навечер, пишува Дојче веле

Земјата го смени името за да го деблокира процесот, но повторно беше блокирана – прво од Франција, потоа од Бугарија.

„Сега се бара нова уставна промена: бугарското малцинство да биде внесено како државотворен народ. Во Скопје стравуваат дека ова е само почеток на лавина барања што би го одложиле членството во далечна иднина”, пишува ФАЦ

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top