Македонија

Седумина приведени за тероризам поради обидот за палење на објект на Еврејската заедница

Веднаш по пријавата, Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во координација со СВР Скопје и Агенцијата за национална безбедност, презеде интензивни оперативни мерки.

Министерството за внатрешни работи успешно го расчисти случајот со обидот за опожарување на верскиот објект на Еврејската заедница во Скопје, што се случи на 12 април 2026 година околу 4:50 часот.

Веднаш по пријавата, Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во координација со СВР Скопје и Агенцијата за национална безбедност, презеде интензивни оперативни мерки.

На 30 април 2026 година, по наредба на надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран и корупциски криминал, извршени се претреси на 13 локации на територија на Скопје. Приведени се седум лица, а одземени се предмети и електронски уреди поврзани со случајот.

По спроведената постапка, поднесена е кривична пријава против двајца осомничени:

  • А.Љ. (21) од Скопје – за кривично дело тероризам по член 394-б од Кривичниот законик
  • А.Р. (38) од Скопје – за кривично дело тероризам по член 394-б во врска со член 24 од Кривичниот законик (помагање)

Судијата на претходна постапка на двајцата им одреди мерка притвор.

Најнови вести од: Македонија

Приведени седуммина за обидот за палење на синагогата на Еврејската заедница во Скопје, одреден притвор за двајца поради сомнеж за „тероризам“

Министерството за внатрешни работи го расчисти случајот со обидот за опожарување на верскиот објект на Еврејската заедница во Скопје на 12.04.2026 околу 5 часот изутрината. Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности од страна на Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со СВР Скопје и Агенцијата за национална безбедност. Беа преземени повеќе оперативно- тактички мерки на подрачје на град Скопје.

Најнови вести

To top