Регион

Бугарин фатен со 500 кг канабис во пристаниште во Грција

товарот потекнувал од Валенсија, Шпанија. Дрогата транзитирала низ Италија пред да пристигне во Грција. Се проверува дали крајната дестинација била Турција

 

Бугарски возач на камион бил фатен со 500 кг канабис во пристаништето Игуменица во Западна Грција, објавува „Катимерини“.

Дрогата била пронајдена за време на рутинска проверка на камионот во пристаништето. Канабисот бил скриен меѓу товарот што се транспортирал.

Според истражителите, товарот потекнувал од Валенсија, Шпанија. Дрогата транзитирала низ Италија пред да пристигне во Грција. Се проверува дали крајната дестинација била Турција.

Полицијата посочува дека осомничениот не соработува со истражителите, одбивајќи да даде информации за пратката.

Најнови вести од: Регион

Кос ја „предупреди Турција“: Задушувањето на опозицијата, ЛГБТ-заедницата и медиумите ве оддалечува од ЕУ!

„Неодамнешните случувања поврзани со слободата на печатот, ЛГБТИК+ правата и локалната демократија, дополнително го зголемуваат јазот меѓу Турција и нејзината цел за приклучување кон Европската Унија“, рече еврокомесарката за проширување на ЕУ Марта Кос во турскиот град Едрене, во близина на границата со Бугарија.

To top