Македонија

Двојазичност во правосудниот систем не е предвидена, Албанците беа излажани, вели Мицкоски

Ако Венецијанската комисија ти вели да го напуштиш концептот на билингвалност, поради тоа што може да се доведе до двојно толкување на одредени судски процеси, тогаш за какво владеење на право ние зборуваме, вели премиерот

Според македонскиот устав, а и според препораките на Венецијанската комисија, билингвалноста во правосудниот систем не е предвидена, но проблемот е што претходната влада на ДУИ ги лажеше Албанците во Макдонија, па затоа сега има отпори и протести, рече премиерот Христијан Мицкоски во гостувањена ТВ Ора 24.

„Согласно Уставот, комуникацијата во државната управа, мислам беше членот 5, амандман 7, јасно кажува дека официјален јазик е македонскиот и кирилското писмо, но втор официјален јазик, во случајов е албанскиот јазик. Да не го користам она 20%, бидејќи е јасно е дека е албанскиот јазик. Подолу во истиот член стои дека комуникацијата на Албанците со државната управа е регулирана со закон. Е сега доаѓаме до тој дел, до законот, не кажува со кој закон, но еве со Законот за употреба на јазици, вели премиерот..

Правосуден испит може да се полага само на македонски јазик

„Јас разговарав со студентите и тие велат дека во Законот за употреба на јазиците, треба во рок од една година да се хармонизираат сите закони. Ако тоа не се направи, тогаш автоматски се смета дека законите се хармонизирани. Сега доаѓаме до дилемата. Законот за јазици е генерален закон, или во правото lex generalis. Законот за полагање на правосуден испит е специјален закон или lex specialis. Не може по автоматизам со lex generalis, да натсинхронизирате lex specialis – рече претседателот на Владата Христијан Мицкоски во гостувањето на ТВ Ора 24 запрашан за барањата правосудниот испит да се полага на албански јазик.

„ Вториот проблем е тоа што господата што го носеа законот за јазици, ги излажаа Албанците и овие деца што сега протестираат. Зошто ги излажаа? Затоа што јасно стои во мислењето на Венецијанската комисија, вика да се напушти билингвалност во правосудниот систем“, дополни Мицкоски.

Тој посочи дека Владата претходно покажала дека нема проблем со употребата на јазиците и во делот на социјалната нега на децата и се овозможи воспитувачки да полагаат на својот мајчин албански јазик.

„Тие што ќе полагаат, утре ќе бидат судии и обвинители. Ако Венецијанската комисија ти вели да го напуштиш концептот на билингвалност, поради тоа што може да се доведе до двојно толкување на одредени судски процеси, тогаш за какво владеење на право ние зборуваме?

Затоа ние формиравме една работна група во рамките на Владата која работи и анализира дали може законски и уставно полагањето на правосудниот испит да го одвоиме од судењето во рамките на правосудниот систем на државата. Доколку успееме да најдеме методологија и начин, со кој ќе се обезбеди еднаквост на сите кои го полагаат правосудниот испит, а воедно да немаме различни толкувања на судски пресуди поради билингвалност, односно ако прифатиме дека македонскиот е јазик кој ќе преовлада во правосудниот систем, тогаш мислам дека многу скоро од денес ќе најдеме решение. Но повторно ќе кажам, ова е наследен проблем од истите оние кои беа 20 години влада и не успеаја да најдат начин како да го решат“, – заклучи премиерот Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

„Македонија 2025“ отвора повик за стипендии за средношколци

Повикот е наменет за средношколци кои покажуваат одличен успех, учествуваат на натпревари, имаат љубопитност, идеи, амбиција и желба да се развиваат. Ова е можност за младите кои сакаат да го направат следниот чекор во своето образование, личен развој и идни професионални цели.

(Видео): Пожар зафати викендички кај Штип, повреден е еден од газдите

Голем пожар одново се прошири кај Штип, а на социјалните мрежи се објавени очајнички повици за помош. Пожарникарите спасуваат луѓе кои се нашле во лозја, а зафатени се повеќе објекти, меѓу кои и неколку куќи, а досега е повреден најмалку еден човек.

Државата остана без 9,5 милиони евра од ИПА фодновите

Финансиската полиција поднесе кривична пријава против странски државјанин и правно лице поради сомнежи за злоупотреби при реализација на проект за канализациска мрежа во Кичево. Поради раскинувањето на договорот, државата останала без 9,47 милиони евра од ИПА-фондовите.

Иловица е една од најголемите потенцијални рударски инвестиции

Интересот од странски инвеститори постои и е континуиран, што се потврдува преку бројните геолошки истражувања и концесии доделени во изминатите години, но јавноста често е поделена поради еколошките ризици и потребата од строги стандарди за заштита на животната средина. Начевски заклучува дека Македонија може да стане регионален снабдувач на одредени суровини и да ја засили својата улога во европските синџири на снабдување.

Дури 235 луѓе истовремено земале и социјална помош и пензија

Неосновано исплатени 236 илјади евра за социјална помош, утврдил Државниот завод за ревизија во најновиот извештај. Станува збор за периодот од 2022 година до јуни 2025 година. Поради слабости во системските контроли, само за 2024 ревизорите утврдиле 235 корисници кои истовремено земале и социјална помош и пензија. Ревизорите предупредуваат дека ваквите состојби се ризик од нерационално трошење на јавните пари, оти ја намалуваат ефикасноста на системот за социјална заштита. Ревизорите посочуваат и на недоволна контрола од центрите за социјална работа, нецелосна документација, доцнење во постапките, како и неефикасно следење на враќањето на неосновано исплатените средства.

To top