Македонија

Џорџа Мелони користи термин што го користи и претседателката Сиљановска Давкова

Подолго време Гордана Сиљановска Давкова зборува за реунификација на Македонија и Западниот Балкан а не за ново поврзување на регионот со ЕУ

Италијанската премиерка Џорџа Мелони користи ист термин што за влезот на Македонија и регионот во ЕУ подолго време го користи и претседателката Сиљановска Давкова.

 

Влезот и пристапувањето на Македонија и земјите од Западен Балкан за двете политичарки е процес на реунификација.

 

,,Процесот на пристапување на Балканот кон Европската Унија, „што јас го нарекувам повторно обединување на ЕУ“, е „клучен, особено во сложеното време во кое живееме”, изјави премиерката Џорџија Мелони по средбата со австрискиот канцелар Кристијан Штокер во седиштето на италијанската влада во Рим, Палацо Киги.

 

Мислам дека Европа мора да забрза со давање конкретни сигнали до нациите кои прават сѐ што можат за да бидат дел од нашето семејство, смета италијанската премиерка која засега молчи за бугарската блокада за Македонија.

 

Уште од нејзината прва кампања за претседател во 2019 година претседателката  Гордана Сиљановска Давкова зборува за реунификација на Македонија и Западниот Балкан а не за ново поврзување на регионот со ЕУ.

Реунификација или повторното обединување генерално се однесува на процесот на спојување на делови од нешто, особено земја или семејство, кои претходно биле разделени. Исто така, може да значи и чин на повторно обединување по период на разделба или конфликт. Примерите вклучуваат обединување на Германија или обединување на семејства за миграциски цели.

 

Терминот реунификација или повторно обединување често се користи за да се опише спојувањето на две или повеќе територии во еден политички ентитет, како што е обединувањето на Германија по падот на Берлинскиот ѕид.

Може да се однесува и на процесот на повторно обединување на членовите на семејството, особено кога тие биле разделени поради миграција, раселување или други околности.

Иако е поретко, реунификација може да се примени и во други ситуации каде што работите се обединуваат по период на разделба, како на пример во контекст на благосостојбата на децата каде што детето се обединува со своето семејство откако било под грижа.

Најнови вести од: Македонија

Аларм: Децата без око да им трепне си купуваат цигари како да се мастики

Ново истражување за употреба на тутун кај младите покажува системски недостатоци на повеќе нивоа – од висока достапност на цигарите во продавници и киосци, каде што основците меѓу шесто и деветто одделение можат да набават тутун без поголем проблем, па сѐ до висока изложеност на децата на чад внатре и околу училиштата.

Одложена седницата на работната група за реформи во изборното законодавство, материјалите не биле преведени на албански јазик

Денес не се одржа конститутивната седница на работната група за реформи во изборното законодавство, поради барањето на дел од албанските партии да бидат преведени материјалите.

Мисајловски: Службата на „Волците“ е симбол на непоколеблива решителност и врвна подготвеност, но и заклетва, чест и љубов кон Македонија!

„Специјалните сили ‘Волци’ се симбол на непоколеблива решителност и врвна подготвеност. Тие се први кога е најпотребно, најсилни кога е најтешко и најодлучни кога татковината бара сигурност и заштита. Со беспрекорна обученост, тимски дух и силно чувство за должност, секојдневно ја потврдуваат својата елитна позиција во македонската Армија. Вашата служба не е само професија, таа е заклетва, чест и љубов кон Македонија. Благодарение на вашата пожртвуваност, нашите граѓани се чувствуваат безбедно.“ – објави на својот фејсбук-профил министерот за одбрана на Република Македонија Владо Мисајловски.

To top