Македонија Спорт

ЕХФ најави покренување постапки против Алкалоид и АЕК!

Наместо да „пресече“ денеска, како што се очекуваше, Европската ракометна федерација (ЕХФ) побарала од своите органи да покренат постапки против Алкалоид и АЕК за неодиграниот возвратен натпревар во Скопје од финалето на Европскиот куп, не соопштувајќи ништо околу најважното – резултатот?! „Европската ракометна федерација во вторник им ги предаде сите релевантни информации што ги поседува […]

Наместо да „пресече“ денеска, како што се очекуваше, Европската ракометна федерација (ЕХФ) побарала од своите органи да покренат постапки против Алкалоид и АЕК за неодиграниот возвратен натпревар во Скопје од финалето на Европскиот куп, не соопштувајќи ништо околу најважното – резултатот?!

„Европската ракометна федерација во вторник им ги предаде сите релевантни информации што ги поседува на своите надлежни органи и побара покренување легални постапки против клубовите на РК Алкалоид и АЕК Атина.

Овој чекор беше преземен откако реваншот од финалето на Европскиот куп за мажи на ЕХФ помеѓу двата клуба во неделата, 25 мај, беше откажан.

Информациите доставени од ЕХФ до правните органи, меѓу другото, се однесуваат на дистрибуцијата на билети на гостинските навивачи од страна на РК Алкалоид во пресрет на натпреварот, како и на одбивањето на АЕК Атина да влезе на теренот за почетокот на натпреварот.

Од двата клуба е побарано да ги достават своите изјави, односно информации од нивна страна, за да бидат разгледани од страна на правните органи.

Понатамошна комуникација ќе биде обезбедена само откако ќе се донесе законска одлука“, соопштија вечерва од европската „куќа на ракометот“.

Најнови вести од: Македонија Спорт

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top