Македонија

Елаборат, правилник, процена и план – основа за безбедност во објектите, сведочеше за „Пулс“ вработена во ДЗС

На денешното сведочење пред судот, Маја Тимовска, раководител на Секторот за превенција, планирање и развој во Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС)

На денешното сведочење пред судот, Маја Тимовска, раководител на Секторот за превенција, планирање и развој во Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), појасни дека сите учесници во системот за заштита и спасување на територијата на Република Северна Македонија се должни да достават четири документи: елаборат за заштита и спасување, правилник за заштита од пожари, процена на загрозеност од природни непогоди и други несреќи, како и план за заштита и спасување.

– Учесниците во системот во согласност со законот потребно е да достават четири документи,и тоа елаборат за заштита и спасување и тој по електронски пат преку електронскиот систем се доставува до Дирекцијата за заштита и спасување конкретно во Скопје и во сите 34 подрачни одделенија за заштита и спасување во зависност од тоа во кој регион припаѓа објектот што се гради, реконструира или пренаменува во однос на елаборатот. Понатаму, сите учесници се должни да изработат правилник за заштита од пожари, процена на загрозеност од природни непогоди и други несреќи и да изработат план за заштита и спасување – рече таа.

Тимовска додаде дека позитивно мислење се издава само доколку сите документи се целосно застапени, а во спротивно се посочуваат мерки и активности што треба да се преземат.

Во врска со конкретниот случај со објектот „Пулс“ во Кочани, Тимовска нагласи „не би можела да кажам дали се поднесени вакви елаборати бидејќи тоа се доставува директно до подрачното одделение во Кочани“.

Тимовска, која е дел од ДЗС од неговото основање во 2005 година, сведочеше и за начинот на функционирање на Дирекцијата.

Таа објасни дека програмата за работа ја одобрува директорот, а секоја година се доставува до Владата.

– Во табеларниот дел што ни се доставува како формат секој сектор наведува конкретни активности, носител на активноста и со кого соработува – рече таа.

На прашањето дали управителите на „Пулс“ имале обврска да ја достават документацијата, Тимовска одговори потврдно.

– Сите учесници во системот се должни да достават план, процена и правилник до Подрачното одделение за заштита и спасување Кочани, како и електронски елаборат преку Општината – рече таа.

Прашана дали во годишниот план и програма може да се предвидуваат инспекциски надзори во подрачје каде што нема инспектор за заштита и спасување, таа одговори дека во годишната програма и извештајот не се наведуваат детално, само генерално е наведено дека се организираат и спроведуваат надзори но не и регионот и таму каде што има или нема, односно, како што рече, не се опишуваат согласно табелатниот преглед.

По ова прашање, јавната обвинителка побара да ѝ се предочи исказот што Тимовска го дала во Обвинителството во април 2025 година, кој се разликува од денешното сведочење.

На вкрстени прашања од одбраната Тимовска истакна дека методологијата за изработка на планската документација е донесена уште во 2006 – 2007 година и оттогаш не е изменета.

– Процената, правилникот и планот не служат само за Дирекцијата да даде мислење, туку јасно ги пропишуваат мерките што секој субјект треба да ги преземе за спречување ризици – истакна таа.

Во врска со елаборатот за заштита од пожари, кој го нарече „круцијален документ“, рече дека во него јасно се пропишани мерките за заштита од пожари и тој служи како база за изработка на сите следни документи.

На прашање на судот дали доколку инспектор има забележано или има добиено сознание дека некој објект нема поднесено барање преку Општината до подрачната единица на ДЗС, дали може да реагира, самоиницијативно да изврши некој надзор или за тоа му треба некое одобрување, сведокот одговори „не би можела да служам, не е моја надлежност“.

Претходно, на денешното судење, сведок – технички советник, Верица Милевска-Стефановска, претседателка на Комората на Република Македонија за приватно обезбедување, сведочеше за законските процедури за добивање лиценца, обврските при склучување договори за обезбедување, како и овластувањата на работниците при контрола на влез и присуство на малолетници во објекти.

Во сведочењето таа посочи дека обезбедувањето требало да реагира за присуство на малолетници по полноќ, а пиротехниката била безбедносен ризик.

Судењето се наоѓа во доказна постапка и продолжува на 19 март со сослушување сведоци на Обвинителството.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Со денешното рочиште продолжува доказната постапка со изведување сведоци на предлог на Обвинителството, кое го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

Стружани за Велигден негуваат традицијата во која се преплетуваат литургиската свест, симболиката на празникот над празниците и културниот идентитет

Во деновите кога православните христијани со молитва и надеж го очекуваат Христовото воскресение, во охридско-струшкиот регион сè уште живее еден стар обичај длабоко вкоренет во духовната традиција

(Фото): Како ќе изгледа и кога ќе биде готова Универзална сала?!

Објектот беше значително оштетен во пожарот што избувна на 9 април 2024 година, само по еден месец откако, по пауза од две години, продолжија градежните работи за негова реконструкција. Од пожарот беше зафатена старата конструкција. Веднаш по пожарот, од градежната фирма посочија дека, најверојатно, се запалил стар кабел или некоја стара инсталација.

„ТАВ Македонија“ втора година по ред добитник на сертификатот Great Place To Work®

Компанијата Great Place To Work® е глобален авторитет за културата на работното место, којашто има 30 годишно искуство со револуционерни истражувања и податоци со кои им помага на многу компании да станат одлично место за работа за сите. Се фокусира на присуството на вработените и на лидерското однесување и докажано е дека обезбедува водечки приходи во пазарни услови, задржување на вработените и робустни иновации.

Повеќе од 16.000 граѓани ја напуштиле држават апреку „Богородица“ и „Табановце“

Продолжениот викенд по повод празникот Велигден го зголеми метежот на граничните премини во земјава, а најголем метеж е забележан на премините Богородица и Табановце, каде во изминатите 24 часа поминале повеќе од 16 илјади патници, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Лога се обидува да ѝ „држи“ на Сиљановска-Давкова, претседателката на РМ и уставно-правен експерт, „јавно предавање“ за правосудниот испит и за непостојната „државотворност на албанскиот народ“?!

„Синоќа во емисијата на ТВ 21 Сиљановска се обиде да ги избегне дискусиите и да ги изигра фактите поврзани, со правосудниот испит, изнесувајќи и неколку ставови, кои веќе се надминати како проблематика. Постои суштинска разлика, што оваа политичка класа со југословенско наследство, претставувана од Сиљановска, треба да ја разбере: албанскиот јазик не е ‘малцински јазик’, како што таа ‘погрешно’ го претставува во континуитет, туку е јазик на околу една третина од населението во оваа држава и на еден од државотворните народи, заедно со македонскиот народ.“ – наведува поранешниот министер за правда од ДУИ Кренар Лога, кој со оваа објава преку фејсбук, всушност, се обидува да ѝ „држи“ на претседателката на Република Македонија и уставно-правен експерт проф.д-р Гордана Сиљановска-Давкова “јавно предавање“ за правосудниот испит и за „државотворноста на албанскиот народ“ (?!), иако таква „државотворност“ не постои како уставно-правна категорија во македонската држава, зашто во неа единствено државотворен народ е само македонскиот народ! Неприфатливоста на интонацијата на Лога е и поради тоа што тој недолично фактички ѝ ја игнорира функцијата претседателка на Република Македонија на Гордана Сиљановска-Давкова и ѝ се обраќа само само по презиме.

To top