Македонија

Европскиот парламент: Позитивна оценка за Македонија и јасна поддршка за ЕУ

Нацрт-извештајот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент за Македонија, кој се однесува на периодот до ноември 2025 година, содржи повеќе важни и позитивни оценки за државата.

Нацрт-извештајот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент за Македонија, кој се однесува на периодот до ноември 2025 година, содржи повеќе важни и позитивни оценки за државата.

Во документот се реафирмира целосната поддршка за членството на Македонија во Европската Унија, врз основа на јасен, мерлив и фер пристап, како и признание за посветеноста на државата кон европската интеграција и реформскиот процес. Особено значајно е што се нотира дека Македонија е една од земјите со најдолг кандидатски статус и дека повторените одложувања на почетокот на преговорите негативно влијаеле врз перцепцијата на граѓаните за европската перспектива.

Извештајот повикува на зачувување на предвидливоста и кредибилитетот на процесот на проширување.

Особено позитивен елемент е формулацијата дека јазичниот, културниот и националниот идентитет се темелни основи на секоја држава и не треба да бидат доведувани во прашање од трети страни.

Дополнително, се истакнува дека ваквите прашања не треба да влијаат врз процесот на пристапување во ЕУ, кој мора да се темели на објективни критериуми, мерит-системот, европските вредности и Копенхашките критериуми.

Во текстот се нагласува и дека билатералните спорови треба да се решаваат преку отворен дијалог, соработка во добра волја и во согласност со меѓународното право, а не да се инструментализираат во процесот на пристапување.

Извештајот ја поздравува стабилноста на меѓуетничките односи, имплементацијата на Охридскиот рамковен договор, како и напредокот во подготовката на патоказите за јавна администрација и владеење на правото како дел од отворањето на кластерот „Фундаментални вредности“. Позитивно се нотираат и умерениот напредок во реформата на јавната администрација и дигиталната трансформација, вклучително и законодавството за електронска идентификација.

Дополнително, се поздравуваат првите чекори во спроведувањето на Реформската агенда и Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан, интеграцијата на Македонија во географскиот опфат на СЕПА, како и предлогот за проширување на режимот „роаминг како дома“ кон земјите од Западен Балкан.

Во делот на регионалната соработка и надворешната политика, извештајот ја поздравува значајната улога на Македонија во регионалната стабилност, Берлинскиот процес, Заедничкиот регионален пазар и Планот за раст. Се истакнува и силното и долгогодишно усогласување со заедничката надворешна, безбедносна и одбранбена политика на ЕУ, геостратешкото значење на Македонија како членка на НАТО, како и подготвеноста за продлабочување на соработката со ЕУ преку Безбедносното и одбранбено партнерство.

Нацрт-извештајот испраќа важна политичка порака: Македонија останува јасно препознаена како европска држава, посветена на реформите, регионалната стабилност и стратешкото партнерство со ЕУ и НАТО.

Истовремено, документот ја потенцира потребата процесот на пристапување да биде предвидлив, кредибилен, фер и заснован на заслуги.

Најнови вести од: Македонија

Самсунг се вклучува во акција за филмот “Spider-Man™: Brand New Day“ на “Sony Pictures“

Внимавајте на глетките на Spider-Man во текот на летото со Spidey Tracker, поддржан од Samsung Galaxy

Sasmung Galaxy Z серијата уреди на преклоп ќе бидат прикажани во “Spider-Man: Brand New Day“ на “Sony Pictures“, ексклузивно во кината на 31 јули

ЕП „пресуди“: „Заедничката историја“ и „опипливите резултати на Заедничката историско-образовна комисија“ со Бугарија остануваат услов за РМ на патот кон ЕУ!

Европскиот парламент денеска ги усвои годишните извештаи за пет земји од Западен Балкан – Црна Гора, Албанија, Македонија, Босна и Херцеговина и Косово. За извештаите европратениците расправаа вчера на заедничка седница. Извештајот за Македонија, подготвен од известувачот Томас Вајц, во гласањето помина со 411 гласа „за“, 120 „против“ и 120 „воздржани“. Но, амандманот 3, предложен од Вајц, беше отфрлен. Со него се предвидуваше бришење на ставот 73 од резолуцијата. Но, повеќето пратеници изгласаа тој да остане во текстот.

Разидувања во Владата на Бугарија?! – МВР дало дозвола за блокада на три македонски гранични премини, но за МНР Чамова „тоа ќе биде контрапродуктивно за Бугарија“!

Бугарското Министерство за внатрешни работи дало дозвола за блокада на три македонски гранични премини на 21 Јуни. Блокадата, која ќе трае 2 часа, е организирана од антимакедонската бугарска Фондација Македонија. Во најавата за блокадата на Деве Баир, Делчево и Ново Село се вели дека протестот е координиран со Министерството за внатрешни работи на Република Бугарија. Но, министерката за надворешни работи од истата Влада на Бугарија нагласува дека „ваквите иницијативи не се поврзани со активностите на бугарската влада и не придонесуваат за заштита на националниот интерес на Бугарија“! Значи ли ова дека за истата тема има разидувања во бугарската извршна власт?!

Мицкоски: В петок и сабота средби со Вреди и ЗНАМ за владината реконструкција

Премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска информираше дека во петок и сабота ќе се одржат средбите со коалициските партнери од Вреди и ЗНАМ, на кои ќе се разговара околу најавената реконструкција на Владата. „Соработката меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди останува стабилна и ќе продолжи да се развива во истиот правец.“ – нагласи Мицкоски.

Теодосиевски: Сектата СДСМ итно бара „Бугари во Уставот“ и да ѝ се седне на Бугарија во скут, што би бил историски, јазичен, идентитетски и национален масакр на Македонија!

„Ако ѝ седнете на бугарија в скут, тогаш следи историски, јазичен, идентитетски, национален масакр! Тоа ќе биде комплетен историски масакр на македонското право на сопствена историја, на саможртвата на оние национални револуционерни дејци, ќе биде черечење на македонскиот јазик како „блгарски дијалект“ (што неодамна, повторно, го слушнавме во Софија!), ќе претставува целосно откажување од македонските корени и национални проблесоци! Не е ли основен политички ред опозицијата конечно да се изјасни дали со прифаќањето на уцената „Бугари во Устав“ и т.н. „француска рамка“ за почеток на пристапните преговори едновремено ја прифаќаат и „заедничката историја“ и разрешување на оние „наследени политички и историски проблеми“, што им се вртат во главата на Радев и бугарските ултранационалисти? Зашто тој процес нема да биде уште една домашна политикантска манипулација како „Преспанскиот договор.“ – нагласува Златко Теодосиевски во својата колумна со наслов „Историски масакр во два чина, или: која историја (уште) ќе ја менуваат?“, објавена на порталот „Плус инфо“.

To top