Македонија

Филипче: „Државата се води со резултати и саможртви“

Можеме да сметаме дека Европа кон Македонија е неправедна., но, одговорноста на политичарите е да најдат решенија, вели лидерот на СДСМ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на свечениот настан по повод 35 години независност на Македонија, во Македонската филхармонија изјави дека „држава не се води со навредена суета и лажен патриотизам, туку со резултати, одговорност и носење тешки, историски оправдани одлуки“.
Како што рече „може да ни се допаѓа таа реалност. Може да бидеме лути поради неа. Можеме да сметаме дека Европа кон Македонија е неправедна. Но, одговорноста на политичарите е да најдат решенија, а не да се смета за успех да се стои во место со децении“
Според него, државата не се води со навредена суета туку се води со резултати и саможртви, со носење на непопуларни одлуки, но историски оправдани.
„Признанието за таквите тешки одлуки доаѓа многу подоцна. Само идните непристрасни генерации можат правилно да оценат колкава е цената на прифатените компромиси, а колкава е загубата од бескомпромисноста и изгубените децении на побрз сестран развој“- смета лидерот на СДСМ.
🎙️

Најнови вести од: Македонија

To top