Македонија

Филипче: Советниците во општините да ротираат на 2 години

„Ќе предложам модел каде советниците ќе ротираат, односно ќе имаат мандат од две години, по што следните на листата ќе влегуваат во советот. Со тоа ќе овозможиме двојно повеќе наши другари и другарки да бидат дел од советничкиот состав во текот на четиригодишниот мандат. Сметам дека тоа е фер и создава простор за поголема вклученост […]

„Ќе предложам модел каде советниците ќе ротираат, односно ќе имаат мандат од две години, по што следните на листата ќе влегуваат во советот.

Со тоа ќе овозможиме двојно повеќе наши другари и другарки да бидат дел од советничкиот состав во текот на четиригодишниот мандат. Сметам дека тоа е фер и создава простор за поголема вклученост – изјави лидерот на СДСМ Венко Филипче на состанокот со Општинската организација на СДСМ Аеродром.

Најави и воведување на нов кодекс на однесување што ќе мора да го потпишат сите советници.

„Дел од досегашните советници не си ги исполнуваа обврските, а некои дури и соработуваа со градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ водени од лични интереси. Тоа повеќе нема да се толерира. Кодексот ќе биде обврзувачки, а за негово прекршување ќе следуваат санкции – порача тој.

Во врска со изборот на кандидати, Филипче потенцираше дека одлучувачката улога ќе ја имаат локалните организации.

„ Вие најдобро знаете кој има капацитет и доверба кај граѓаните. Немам намера да наметнувам, туку да слушам“, вели Филипче.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top