Македонија

„Фол“: Артан Груби од Албанија управува со официјалната страница на Бајрам Реџепи, кандидатот на НАИ за градоначалник на Тетово!

Дали навистина општествената мрежа „фејсбук“ ги откри местото и државата каде што се наоѓа Артан Груби, бегалецот од правдата од Македонија, поранешниот вицепремиер и „десната рака“ на лидерот на ДУИ Али Ахмети?! Дали се потврдуваат досегашните укажувања на добри познавачи на ситуацијата и случувањата во албанскиот политички блок дека Артан Груби, без оглед што избегал, како што се наведува, во Албанија, всушност продолжил да управува со низа важни активности во ДУИ и да влијае врз оваа партија, од дистанца, но без прекин во ниеден момент?!

„Откриен е посебен детал во врска со официјалната фејсбук-страница на Бајрам Реџепи, кандидатот за градоначалник на Тетово од Националната алијанса за интеграција Бајрам Реџепи. Според официјалните податоци од медиумската платформа ‘Мета’, во делот за транспарентност на страницата, се покажува дека таа е управувана од пет лица, од кои четири се наоѓаат во С.Македонија, а едно во Албанија“ – објави информативниот портал на албански јазик „Фол“ во својата информација со наслов „Ексклузивно / Откриено е дека Артан Груби од Албанија управува со официјалната веб-страница на Бајрам Реџепи“.

Натаму порталот наведува: Оваа информација отвори бројни дискусии во јавното мислење, бидејќи, според неофицијални извори, лицето кое ја управува страницата од територијата на Албанија се сомнева дека е Артан Груби, добро позната политичка личност во регионот. Според документот, објавен во делот „Транспарентност на страницата“, фејсбук точно ги прикажува локациите на администраторите на јавните страници, со што се зголемува нивото на одговорност за споделената содржина.

Во моментов ниту Бајрам Реџепи ниту Артан Груби официјално не реагирале на ова откритие. Сепак, се очекува дека во наредните денови ќе има повеќе појаснувања во врска со вмешаноста на администратори од странство во управувањето со страниците на политичарите во Македонија. – пишува „Фол“.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Посетители во Зоолошка му ги украле подароците за првиот роденден на мајмунот Мики

Роденденската прослава на младиот гибон Мики во скопската Зоолошка градина заврши со слика што повеќе зборува за посетителите отколку за самиот настан. Наместо симпатична вест за првиот роденден на животното, во јавноста излезе информација дека дел од подароците што биле подготвени за Мики биле украдени од посетители.

Пронајдено женско тело во распаѓање фрлено в река – Дали се работи за насилна смрт?!

Телото на жената што беше пронајдено во фаза на распаѓање во кочанското село Зрновци било обезглавено и без други делови на телото. Полицијата, пожарникарите и обвинителството денеска го пребаруваа поширокиот терен околу местото викано Ѓошевски Орев, во близина на Зрновска Река. Жената сè уште не е идентификувана.

Има услови за отворање на нови шалтери на скопскиот аеродром

Во споредба со останатите аеродроми во регионот, Николоски истакна дека процентот на раст на Скопскиот аеродром за оваа година, според реномираните списанија за авиосообраќај, ќе биде најголем во однос на останатите аеродроми во регионот. Вицепремиерот исто така најави дека веќе се размислува за зголемување на капацитетите на македонските аеродроми.

Централниот Совет на Македонците во Германија до грчкиот пратеник Ворилас: Не преговараме за идентитетот

Македонскиот идентитет е жива реалност – во Германија, во Грција и ширум светот. Тој не подлежи на политичко одобрување и не може да биде оспорен преку провокации или парламентарни изјави

To top