Македонија

Градоначалникот Ѓорѓиевски на средби со амбасадорите на Германија, на Италија и на Словенија

Град Скопје

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска оствари одвоени работни средби со амбасадорката на Германија, Петра Дрекслер, амбасадорот на Италија, Паоло Палминтери и амбасадорот на Словенија, Грегор Прескер.

Како што информираат од прес-службата на Град Скопје, на средбите биле презентирани тековните проекти и развојните планови на Градот, со цел унапредување на Скопје како модерен, безбеден и функционален европски град. Била истакната важноста од продлабочување на соработката во областа на економијата, културата, образованието, туризмот, управувањето со сообраќајот и одржливото управување со отпадот.

Соговорниците изразиле взаемна подготвеност за понатамошна соработка, размена на искуства и реализација на заеднички иницијативи во интерес на граѓаните.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

To top