Македонија

Груби на распит во обвинителството – се товари за криминал „тежок“ 8 милиони евра

Артан Груби, осомничен за проневера во „Државната лотарија“, кој утрово беше уапсен на граничниот премин Блаце и сместен во притворското одделение во Шуто Оризари, веќе е спроведен на распит во Обвинителството.

Груби, кој е поранешен вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците, пред повеќе од една година избега од државата преку истиот граничен премин поради тоа што заедно со поранешниот директор на „Државната лотарија“, Перпарим Бајрами, беше осомничен за криминал од осум милиони евра за нарачка на ВЛТ-апарати. Груби се бараше со меѓународна потерница. Му беше определен 30-дневен притвор во отсуство.

Истрагата за Државна лотарија е завршена, се чекаше Груби да се изведе пред правдата. 
Според Обвинителството, предметот за Државна лотарија опфаќа одлуки и договори за кои постои сомнеж дека ѝ нанеле значителна финансиска штета на институцијата, проценета на над 8 милиони евра со намера да прибават противправна имотна корист за друг.

Најнови вести од: Македонија

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top