Македонија

И денеска протест и блокада на „Илинденска“

Независниот синдикат при Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ – Скопјe најави протест поради неисполнети обврски кон вработените

Независниот синдикат при Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ – Скопјe најави протест поради неисполнети обврски кон вработените.

Платата за месец август им била исплатена само на вработените во „Паркови и зеленило“, додека вработените во фирмите ќерки „Флораком“ и „Луна“ се уште не го добиле својот надоместок.

Во соопштение до јавноста, синдикатот информира дека протестот ќе се одржи денес и утре од 09:30 до 11:00 часот, при што ќе биде блокиран просторот кај семафорот на раскрсницата на булеварот „Илинденска“ и улицата „Никола Тесла“.

Протестот ќе заврши пред управата на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“.

Синдикатот наведува дека протестот е организиран во согласност со законските прописи и колективниот договор, во кој се утврдени правата на вработените на плата, регрес, јубилејни бонуси, новогодишни бонуси и надомест за раскинување на договорот за вработување.

Вработените во „Паркови и зеленило“ добија плата, но не и нивните колеги

Најнови вести од: Македонија

Муцунски со порака до Брисел: Проширувањето на ЕУ е инвестиција во сопствената безбедност

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка инвестиција во безбедноста, силата и иднината на Европа, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

To top