Македонија

Излеани реки и поплави низ Македонија: оштетени патишта, евакуација на населението

Поради обилните врнежи од дожд и снег што ја зафатија Македонија, на повеќе места се регистрирани поплави, излевања на реки, оштетувања на патна инфраструктура и евакуација на население, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК) за состојбата до 9 часот утринава.

Како што стои во соопштението на ЦУК, во Демир Хисар, поради оштетување на мост на Боишка Река на локалниот пат кон селото Мренога, сообраќајот е затворен. ЈП „Комуналец“ интервенира во населбата Мургашево со проширување на речното корито. Пријавено е излевање на реката кај селото Обедник и меѓу селата Обедник и Смилево, а за состојбата постапуваат Регионалниот центар за управување со кризи и Општина Демир Хисар. Во Ресен поплавени се земјоделски површини, дворови, куќи и магацини. Нивото на Голема Река е зголемено, а јавните претпријатија и општинските служби интервенираат со пумпи и механизација за испумпување и расчистување. Територијалната противпожарна единица Ресен учествува во испумпување вода од визбени простории.

Од ЦУК нагласуваат дека во Крушево водата за пиење е заматена и се препорачува нејзино превривање. Реката Црна има зголемено, но стабилно ниво. ЈП „Комуна“ работи на зајакнување на насипите, а се следи состојбата на Крушевска Река во координација со Општина Кривогаштани. На подрачјето во општина Долнени, во селото Лажани е пријавена штета во двор и приземни простории, додека во селото Пешталево има поплави поради неисчистени канали. Интервенирано е со градежна механизација.

Во Охрид, реката Сушица е излеана на повеќе локации, при што се поплавени дворови и визби. Кризниот штаб и ЈП „Охридски Комуналец“ интервенираат со механизација, насипување и проширување на коритото. Кај селото Вапила, реката Далјан го оштетува патот под мостот, каде се вршат заштитни мерки со механизација. Евидентирано е и свлечиште на патниот потег Лескоец – Скребатно. Во Струга поплавени се дворови и куќи на Мислешевски пат, како и во селата Мислешево и Калишта. Територијалната противпожарна единица Струга интервенира со пумпи, а е ангажирана и градежна механизација. Општина Струга е известена за состојбата.

Во Дебар реката Радика има зголемено, но стабилно ниво. Патните правци се проодни, а надлежните служби расчистуваат помали одрони. Во Кичево реките Зајашка и Треска имаат зголемени водостои, но се под нивото на излевање. Како критична точка е посочена улицата „Прилепска“. Се расчистуваат каналите и коритото на Зајашка Река со градежна и тешка механизација. Околу 150 лица се евакуирани и сместени во спортската сала „Христо Узунов“, каде што се згрижени од Општината и Црвениот крст на Кичево.

На патниот правец Тумчевиште – Чегране, во реонот на Гостивар и Тетово, има вода на коловозот и патот е оценет како небезбеден. Известени се полициските станици во Гостивар и Чегране, како и Општина Гостивар. ЦУК информира дека во останатите региони состојбата е стабилна, со зголемени водостои, но без излевања и поголеми нарушувања.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

Поплавена зградата на „Нова Македонија“

Пет до шест дена ќе бидат потребни за нормално функционирање на зградата на „Нова Македонија“, откако е утврдено дека поплавата ја предизвикала пукната топловодна цевка на вториот кат, изјави директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски.

Стојков: Грција и Бугарија ќе го користат примопредавањето на моштите на македонскиот цар Самуил за пропаганда против Македонија!

„Свечената“ објава на бугарскиот премиер Румен Радев дека в сабота, на 3 октомври, Грција ќе ѝ ги предаде посмртните останки од цар Самуил (починат 1014 година), одекна не како историско-научна сензација, туку токму така како што беше и конструирана – со политичко тенденциозност спрема Македонија. Ова се нагласува во статијата со наслов „Стојков: Не е сигурно дека моштите се на цар Самуил, а Бугарија и Грција немаат ни правна основа за нивно примопредавање“, која ја објави информативниот портал „МКД.мк“

(ВИДЕО) Разбиена е криминалната и терористичка група од Скопје, кај која е пронајдено знаме на „Исламска држава“! – Кривична пријава за тројца (Видео)

МВР информира дека вчера Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во соработка со Агенцијата за национална безбедност, Одделот за специјални полициски операции и СВР Скопје, под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведе координирана полициска акција, во која е сузбиена организирана криминална група од Скопје, инволвирана во вршење на кривични дела од областа на тероризам и недозволена трговија со оружје.

Мицкоски: Во судството има измеќарско малцинство, кое им слугува на СДС и ДУИ

Говорејќи за правосудството во емисијата „Под лупа“ на ТВ „Алфа“, претседателот на Владата Христијан Мицкоски истакна дека таму, покрај огромното мнозинство чесни луѓе, постои и измеќарско малцинство, кое им слугува на СДС и ДУИ.

To top