Македонија

Јовановски: Да престанат практиките „овој ваш ли е“, „наш ли е“!? (ВИДЕО)

Целта на новиот градоначалник на Кичево е град без поделби во кој секој граѓанин ќе биде еднаков

„Сакав да им покажам и веројатно успеав, затоа е и таков резултатот, да им кажам дека целта ми е заеднички да функционираме. Да престанат оние работи „овој ваш ли е“, „наш ли е“ или треба да поставиме некаде некој раководител па „од каде е, од која партија“ туку да одиме на квалитет“ вели новиот градоначалник на Кичево, д-рАлександар Јовановски во ексклузивното интервју за КУРИР..

Да одиме на труд, чесност и искреност и да одиме на братство. Мене зборот соживот не ми се допаѓа, сакам живот, сакам сите да живеат и сите да бидат застапени. Не мора да одиме на проценти, сакам да одиме на квалитет.

Сакам да го подигнам нивото на застапеност особено на Турците и Ромите во јавната администрација, онаа која е во надлежност на општината, за реално да ги согледаме и нивните проблеми, да се зближиме, да видиме во кој дел имаат тие проблеми, со што се соочуваат.

И да можеме што повеќе да си помагаме меѓусебно и сите да се почувствуваат како еден кохезивен дел, како една коцка од мозаикот кој се нарекува Кичево“, вели тој.

Неговата цел е Кичево без поделби, град во кој секој граѓанин ќе биде еднаков.

Повеќе:

Како жена, мајка, Албанка, за моите и сите деца – Што точно им порача Линдита на Александар на своите сограѓани Кичевци

 

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

To top