Македонија

Јовановски ја презеде функцијата градоначалник на Кичево: Ќе го градиме еднакво за сите, без разлика на политичка, етничка или верска припадност!

„Изборите завршија, посакувам мир за нашите граѓани. Можеби сум направил грешки и за секоја грешка се извинувам на секој граѓанин, кој можеби бил засегнат.“ – изјави досегашниот градоначалник на Кичево Фатмир Дехари на денешното примопредавање на должноста со новиот градоначалник д-р Александар Јовановски.

„Со големо чувство на одговорност денеска ја преземам функцијата градоначалник на Кичево. Мојата цел е да изградиме локална самоуправа, што ќе биде блиска до граѓаните, отворена за идеи и решенија и која ќе ги слуша сите, без разлика на политичка, етничка или верска припадност. Сите се поддеднакво важни!“ – порача попладнево во својата објава на фејсбук на македонски, албански и турски јазик д-р Александар Јовановски, по победата во вториот круг на локалните избори во општина Кичево. Тој го презеде раководењето со градот и општина Кичево од Фатмир Дехари, кој 12 години беше на оваа позиција.

„Оваа должност не ја гледам како привилегија, туку како обврска пред граѓаните да работам посветено, отворено и во интерес на сите. Нашиот град има потенцијал и вредни луѓе, има визија за подобра иднина. Верувам дека со заедничка работа, искрен дијалог и посветеност ќе создадеме поубав, поправеден и поуспешен град за сите нас и за идните генерации. Да продолжиме напред заедно, за мене не постојат поделби. Ќе се водиме по остоинствен живот за сите!“ – нагласи градоначалникот на Кичево Јовановски, исто така, на општествената мрежа.

Информативниот портал „Алмакос“ и други медиуми на албански јазик во Македонија објавија: Денес во просториите на општина Кичево беше одржано примопредавање на градоначалничката функција меѓу Фатмир Дехари и Александар Јовановски. Новиот градоначалник Јовановски беше пречекан во канцеларијата од досегашниот градоначалник Фатмир Дехари, кој го информираше Јовановски за започнатите и потпишаните проекти, кои според Дехари, изнесуваат 7 милиони евра капитални инвестиции.

„Од оваа говорница ви ветувам чесна, вредна и посветена работа, за да ги реализираме сите проекти, што ги ветивме. Ќе се обидам да имам добра соработка со сите вработени и да ги исполнам очекувањата на нашите граѓани, како што се хигиената и проектите, што ги ветивме.“ – изјави Јовановски.

Општинската изборна комисија им ги додели уверенијата на општинските советници и на новиот градоначалник на Општината Александар Јовановски. Новиот состав на Советот на општината е составен од 19 советници: 5 советници се од коалицијата Национална алијанса за интеграција, 3 советници се од коалицијата Вреди, 2 советници се од независниот кандидат, 8 советници се од ВМРО-ДПМНЕ и 1 од СДСМ. – објави „Алмакос“.

Најнови вести од: Македонија

Средба на Гаши со поранешните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал средба со досегашните претседатели на законодавниот дом Тито Петковски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески кои информирал за процесите на донесување на нов етички кодекс за пратениците и на дигитализација на целокупното работење на Собранието, што почна да се применува од 1 јануари оваа година. Укажал на значењето на дигитализацијата на видео записите од седниците на Собранието почнувајќи од првиот состав на Собранието по независноста на државата

To top