Македонија

Кацарска учествуваше во руинирањето на правосудството и ја ставија претседател на Уставен суд

Ми се чини дека целиот народ ѝ е гневен бидејќи сите знаат дека луѓето се неправедно осудени, вели адвокатот Драган Пешевски

Адвокатот Драган Пешевски, кој директно беше вклучен во постапката за „27 април“, кој поднесе, а не доби поддршка за Закон за амнестија за овие луѓе да излезеа на слобода, во интервју за МКД.Мк вели дека судијката Добрила Кацарска, со изборот за уставен судија по изрекувањето на високите затворски казни беше наградена.

„Награда. Таа учествуваше во руинирањето на правосудството и ја ставија претседател на Уставен суд. Ми се чини дека целиот народ ѝ е гневен на Добрила Кацарска бидејќи сите знаат дека луѓето се неправедно осудени“, вели Пешевски.

„Кацарска се обиде на секој можен начин да ја саботира одбраната на обвинетите, а и да се изживува врз адвокатурата како фела. На едно од рочиштата се расипа опремата во новиот Кривичен суд, па нѐ префрлија во големата судница во старата зграда на истиот суд.

Таму немаше услови за одржување рочиште со над 100 присутни. Тогаш требаше да се сослуша заштитениот сведок, кој беше круцијален сведок во постапката, а ние да го испитуваме. Но неговиот исказ требаше да се запишува, а маси немаше. Побаравме маса или простор да може да запишуваме, судијката Кацарска ни рече да коленичиме и да запишуваме за колена. Не прифативме и сите адвокати си заминавме, па бевме казнети со сума од по 1.000 евра.

Ова е само еден пример како се газеше одбраната на обвинетите“ сведочи адвокатот Пешевски.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски со порака до Брисел: Проширувањето на ЕУ е инвестиција во сопствената безбедност

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка инвестиција во безбедноста, силата и иднината на Европа, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

To top