Македонија

„Каде е Али Ахмети?“ прашува Дојче Веле

За разлика од Ахмети, Бујар Османи сепак преку објава на неговиот Фејсбук-профил веднаш му ја честиташе победата во Чаир на политичкиот опонент

И три дена по исходот од првиот круг на локалните избори, Али Ахмети претседател на ДУИ – партијата предводник на Националната алијанса за интеграција (НАИ) сѐ уште се нема појавено во јавноста.

Познавачи на внатрешните состојби во ДУИ велат дека „навистина немаат информации што се случува во Мала Речица”, но дека молкот очигледно зборува дека таму владее голема разочараност. Отуството на јавен настап го толкуваат како време што партијата си го дава за да направи темелна анализа на резултатите, но и дека се сигурни оти додека другите слават – во ДУИ сигурно интензивно се работи врз стратегија за да надомести што повеќе во вториот круг, анализира Дојче Веле.

-Долгогогодишен поддржувач на ДУИ од Чаир потенцира дека партијата не е губитник ако се има предвид споредбата на гласовите на листите за советници во 2021 и 2025 година, бидејќи на последните локални избори тоа салдо кај НАИ е зголемено за околу 11.000 гласови. Но признава дека губењето, пред сѐ, на Чаир и Сарај, и водството на ВЛЕН во други општини, одекнало посилно од тоа. Вели дека нема проценка дали и каде згрешила партијата, пишува порталот.

Да го исфрли Османи од игра

Амбасадорот Мухамед Халили нема дилеми по ова прашање.

„Ахмети водеше погрешна политика“, оценува тој.

„Водеше погрешна кампања – внатрешна политика наместо локална и патриотска наместо локална. Поентата му беше напад врз Мицкоски како вмровец кој ја понижува ВЛЕН и ги поништува правата на Албанците. Претставниците на ВЛЕН ги нарекуваше предавници кои ги командува Мицкоски. Митинзите му беа за саморекламирање“, вели Халили.

Откако „референдумот“ на НАИ пропадана, Халили посочува дека изборот на кандидат за Чаир имал друга позадина.

„Кандидирањето на Бујар Османи било за да го исфрли од игра за иден претседател на ДУИ“, вели Халили за ДВ.

За разлика од Ахмети, Бујар Османи сепак преку објава на неговиот Фејсбук-профил веднаш му ја честиташе победата во Чаир на политичкиот опонент.

Целата анализа прочитајте ја на Дојче Веле

Најнови вести од: Македонија

Мемов: Основната цел на пензискиот систем е овозможување на достоинствен живот на возрасните луѓе

Директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ), Никола Мемов, во гостувањето во емисијата „Топ тема“ на Телма, порача дека исплатата на пензиите е целосно обезбедена, тековна и гарантирана од државата, согласно членот 241 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување.

Поради здравствени причини oткажано обраќањето на премиерот Мицкоски на македонско-српскиот форум

Денеска во Скопје, во хотелот „Александар Палас“, се одржува голем македонско-српски бизнис форум на кој ќе присуствуваат над 200 компании и најмалку 300 учесници од двете земји.

To top