Македонија

Кинеска компанија ќе гради фотоволтаични централи во Осломеј и Битола

Според известувањата на Европската банка за обнова и развој ЕСМ кон крајот на јуни потпишала два договори со кинеската компанија, а завршувањето на проектите е предвидено до 13 август 2027 година

АД ЕСМ ја ангажираше кинеската компанија POWERCHINA Jiangxi Electric Power Construction за изградба и управување со нови соларни фотоволтаични капацитети со вкупна моќност од 30 мегавати во Македонија, објави Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Според известувањата на ЕБОР, ЕСМ кон крајот на јуни потпишала два договори со кинеската компанија, а завршувањето на проектите е предвидено до 13 август 2027 година, објавува Фактор

Првиот договор, вреден 12 милиони евра, се однесува на проширување на соларната електрана во Осломеј за дополнителни 10 мегавати. Новиот капацитет ќе биде изграден на просторот на исцрпениот рудник за јаглен кај Термоелектраната Осломеј.

Вториот договор е вреден 15,65 милиони евра и предвидува изградба на фотоволтаична електрана со моќност од 20 мегавати во близина на РЕК Битола.

Од ЕБОР претходно соопштија дека новите 30 мегавати соларни капацитети се очекува да овозможат намалување на емисиите на јаглерод диоксид за околу 33.000 тони годишно.

ЕБОР во 2021 година одобри заем од 25 милиони евра за ЕСМ за поддршка на проектот. Тогаш беше најавен и план за развој на дополнителни 100 мегавати соларни капацитети во Осломеј.

Истата година Владата потпиша договори со бугарската Solarpro Holding и турската Fortis Energy Electric за изградба на фотоволтаични електрани со вкупна моќност од 100 мегавати на локацијата на стариот рудник во Осломеј. Во 2022 година ЕСМ започна со пробна работа на првата соларна електрана од 10 мегавати на оваа локација.

ЕСМ е во целосна државна сопственост и обезбедува околу 90 отсто од домашното производство на електрична енергија. Компанијата управува и со првиот ветерен парк во земјата, „Богданци“, со инсталирана моќност од 37 мегавати.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

Поплавена зградата на „Нова Македонија“

Пет до шест дена ќе бидат потребни за нормално функционирање на зградата на „Нова Македонија“, откако е утврдено дека поплавата ја предизвикала пукната топловодна цевка на вториот кат, изјави директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски.

Стојков: Грција и Бугарија ќе го користат примопредавањето на моштите на македонскиот цар Самуил за пропаганда против Македонија!

„Свечената“ објава на бугарскиот премиер Румен Радев дека в сабота, на 3 октомври, Грција ќе ѝ ги предаде посмртните останки од цар Самуил (починат 1014 година), одекна не како историско-научна сензација, туку токму така како што беше и конструирана – со политичко тенденциозност спрема Македонија. Ова се нагласува во статијата со наслов „Стојков: Не е сигурно дека моштите се на цар Самуил, а Бугарија и Грција немаат ни правна основа за нивно примопредавање“, која ја објави информативниот портал „МКД.мк“

(ВИДЕО) Разбиена е криминалната и терористичка група од Скопје, кај која е пронајдено знаме на „Исламска држава“! – Кривична пријава за тројца (Видео)

МВР информира дека вчера Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во соработка со Агенцијата за национална безбедност, Одделот за специјални полициски операции и СВР Скопје, под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведе координирана полициска акција, во која е сузбиена организирана криминална група од Скопје, инволвирана во вршење на кривични дела од областа на тероризам и недозволена трговија со оружје.

Мицкоски: Во судството има измеќарско малцинство, кое им слугува на СДС и ДУИ

Говорејќи за правосудството во емисијата „Под лупа“ на ТВ „Алфа“, претседателот на Владата Христијан Мицкоски истакна дека таму, покрај огромното мнозинство чесни луѓе, постои и измеќарско малцинство, кое им слугува на СДС и ДУИ.

To top