Македонија

Кој ќе биде нов член на Антикорупциска?

Прворангирана на листата за нов член на ДКСК со најмногу бодови, според документот објавен на веб страната на Собранието, е Катерина Зајковска

 

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска треба да го соопшти предлогот за нови членови на Државната комисија за спречување на корупцијата и на Државниот совет за превенција на детско престапништво и правда за деца, а на дневен ред на седницата се повеќе други точки.

Прворангирана на листата за нов член на ДКСК со најмногу бодови, според документот објавен на веб страната на Собранието, е Катерина Зајковска со 90, 67 бодови, а Комисијата за селекција оценила дека врз основа на дадените одговори кандидатката има големо искуство во борбата за спречување на корупцијата и судирот на интереси и има јасна визија за работата на ДКСК и план за нејзината работа. Дала одлични одговори за поставените општи и посебни прашања. Зад неа е Милка Муратовска, а зад неа се Тања Левајковиќ и Владимир Клековски. МИА

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top