Македонија

Костадиновски: Бадентер во Уставен суд нема никаде во светот

Двојно мнозинство при гласањето е соодветно за политички тела, како Собранието, смета претседателот на Уставниот суд

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, останува против предлогот за принципот на Бадентер во оваа институција, бидејќи, според него, правните аргументи нема да бидат валидни, туку ќе се вмеша политичката условеност.

„Принципот на Бадентер е многу важен за политичките тела, како што е Парламентот, каде што се донесуваат закони, каде што се менуваат и дополнуваат законите. Уставниот суд не е политичко тело! Сè додека Бадентер се применува во уставни прашања, тоа значи дека нема да се донесуваат правни одлуки, туку ќе се одлучува за уставноста и законитоста или за слободите и правата на граѓаните со други видови пресуди. Нешто такво не постои никаде во светот! Затоа бев малку поригорозен во смисла дека, ако се случи нешто вакво, подобро би било да се стави клуч на оваа институција и воопшто нема да има потреба од нејзино постоење“, рече Костадиновски на ТВ 21.

Тој не сакаше да коментира за воведувањето на изборот на Владата со Бадентер, предлог што произлезе од последниот Конгрес на ДУИ.

„Бадентерова влада?! Не, ќе се воздржам од комента,р бидејќи велам дека Бадентеровиот принцип е многу поволен и значаен во политичкото тело каде што се носат законите. Ова значи дека законите и нивното спроведување се гаранција за слободата и правата на секој граѓанин и на немнозинските заедници. Тоа е значењето на Бадентеровиот принцип. Да одам чекор понатаму: ако мене лично ме прашувате, верувам дека Бадентеровиот принцип нема место ниту во Судскиот совет, бидејќи влегуваат во игра други критериуми. Кога има Бадентеров принцип, нема правни аргументи, туку влегуваат во игра други видови аргументи“, објасни тој.

 

Најнови вести од: Македонија

Во вторник уште еден лет за евакуација на македонски граѓани од Блискиот Исток

-Имајќи предвид дека се финализираат подготовките и деталите за неговата реализација, сите граѓани кои имаат неопходна и приоритетна потреба од евакуација потребно е во најкус можен рок да се пријават во Амбасадата на Македонија во Абу Даби, наведуваат од Амбасадата

To top