Македонија

Кривична за лицето кое опожари возила на бугарската Амбасада

Во текот на истрагата биле обезбедени повеќе материјални докази, меѓу кои снимки од видео надзор од повеќе локации, како и облеката што осомничениот ја носел во моментот на извршување на делото

 

Против 44-годишниот скопјанец осомничен за опожарувањето на две дипломатски возила во сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, е  поднесена кривична пријави, со што случајот е целосно расчистен. соопшти СВР Скопје. .

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека Одделението за криминалистички работи при Полициската станица Центар и Бит Пазар вчера по итна постапка поднело кривична пријава против И.Д.С. (44) од Скопје поради основано сомнение дека го сторил кривичното дело „предизвикување општа опасност“.

44 годишен скопјанец ги запалил двете возила на Бугарската амбасада

Во текот на истрагата биле обезбедени повеќе материјални докази, меѓу кои снимки од видео надзор од повеќе локации, како и облеката што осомничениот ја носел во моментот на извршување на делото.

При службениот разговор во полициска станица, осомничениот го признал извршувањето на кривичното дело.

По преземените мерки и обезбедените докази, против него е поднесена кривична пријава по итна постапка, а натамошната постапка ќе се води пред надлежното обвинителство и суд.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top