Македонија

Македонско – бугарската историска комисија заглави во 11 век!? (ВИДЕО)

Учебникот по историја за седмо одделение во Македонија односно за шесто во Бугарија. Ова е точката на која заглави работата на комисијата уште пред шест години, а од која не може да се помрдне ниту новиот состав повеќе од една и пол година

Со неуспех заврши неделава 42-та средба на мешовитата историска комисија, единаесетта со новиот состав, која како и претходните заврши без никаков напредок, поместување или заклучок.

Следната средба ќе се одржи во септември во Софија.

„Во текот на првиот ден, се дискутираше за учебникот по историја за 7-мо одделение во Македонија. Не беше постигната согласност за евентуално усвојување на предлог-текст на препорака. Единствен напредок има во усогласувањето и потпишувањето на стенограми и записници од претходниот состав на Комисијата. Во текот на вториот ден, членовите на Комисијата го усогласуваа записникот за 34-та средба на ЗМЕК, одржана во Скопје, во февруари 2025 година“, соопштија од Владата.

Досега комисијата усвои препораки за заедничко чествување на пет историски личности – Светите браќа Кирил и Методиј, Св. Наум Охридски, Св. Климент Охридски и Цар Самоил и по пет препораки за измени во учебниците по историја за шесто одделение во Македонија и за пети клас во Бугарија.

Најнови вести од: Македонија

Јотова „не“ била информирана за доаѓањето на Ива Михаилова во Бугарија, изрази подготвеност да се сретне со неа

На прашањето дали знае како Михаилова ја напуштила Македонија и каква реакција очекува од властите во Скопје, Јотова одговори дека сè уште има прашања што треба да се разјаснат

To top