Македонија

Мемиш – Младеновиќ: Преку документарните филмови, ги запознаваме новите генерации со богатата историјата на Битола

Битола ги доби новите градски хроничари

Минатиот викенд во Кино “Манаки“ – Битола, премиерно беше прикажан документарниот филм “Мојот вујко Стив Наумов“, трето авторско дело на Шенол Мемиш и Дејан Младеновиќ. Во филмот, кој е со времетраење од 70 минути и е снимен на повеќе локации низ Битола, за животот и херојските подвизи на народниот херој Стив Наумов раскажува неговиот внук од сестра, Стефан Бошков.

Овој филм е трет заеднички проект на двоецот Мемиш – Младеновиќ, по “80 години слободна Битола“ и филмот посветен на битолскиот спортски новинар и писател Димче Миновски, за кој ја добија и престижната “Златна камера 300“ на минатогодишниот Интернационален филмски фестивал за аматерски документарни филмови.

По полната сала и бројните ракции во дел од медиумите, може слободно да се каже дека Битола доби двајца нови хроничари на градот, кои преку документарните филмови ја раскажуваат историјата на градот и животот на познатите и признати битолчани. “Не застануваме тука. Во план сме да реализираме и други долгометражни документарни филмови на повеќе теми.

Им благодариме на сите кои ги помагаат нашите проекти, на гледачите кои одделуваат време и доаѓаат на кино да ги гледаат нашите филмови и пред се на Општина Битола која финансиски ги помогна трите наши филма“, вели Шенол Мемиш, режисер.

Тој појаснува дека нивна најголема цел е да ги запознаат новите генерации со богатата историја на градот на конзулите, преку приказните за познати битолчани кои преку нивната работа оставиле траен белег во овој град.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ќе продолжиме да ги решаваме проблемите на граѓаните, затоа ја добивме довербата од нив!

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање денеска при претставување на „Градскиот воз“ истакна дека и покрај сите предизвици во Европа како наш најголем трговски партнер, сепак трендот на раст на бруто-домашниот производ се очекува да продолжи и оваа година и  да изнесува некаде меѓу 3,5 и 4% проценти.

„Н.М.“: Македонија има причина да биде во Европа, со свој идентитет и јасно дефинирани македонски интереси, но не безусловно!

Исландскиот референдум не треба да биде лекција против Европската Унија, туку лекција за самодоверба во преговорите. Исланѓаните не рекоа: „ЕУ не ни треба“. Тие рекоа: „Ние ќе одлучиме кога, како и под кои услови ќе разговараме за нашата иднина“. Тоа е демократска зрелост. И токму таква зрелост ѝ треба на Македонија. Не да му каже „не“ на Брисел. Но ниту автоматски да кажува „да“ на секое барање. Туку да научи да кажува: „Ова е нашиот интерес. Ова можеме да го прифатиме. За ова можеме да преговараме. А ова не можеме да го прифатиме“. И тоа да го каже аргументирано, мирно и европски. Ова се нагласува во анализата со наслов „Македонија има причина да биде во Европа, но како своја и со својот изворен идентитет и карактер“, која е објавенма денес „Нова Македонија“.

Мицкоски: Македонија е отворена за нови инвестиции и партнерства, кои ќе ја засилат економската соработка со Унгарија

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска од Будимпешта порача дека Македонија е отворена за нови инвестиции и партнерства, нагласувајќи дека економската соработка со Унгарија има значителен потенцијал за раст.

Најнови вести

To top