Македонија

Мерко куртули од затвор за незаконските назначувања

Две години условна казна

Две години условна казна за незаконско назначување на директор во училиштето „Зини Хани“ во Велешта и парична казна од 2.500 евра за „Браќа Миладиновци“ во Струга доби струшкиот градоначалник Рамиз Мерко.

Условна казна од две години доби и првообвинетата Егзона Шеи, која ја извршувала функцијата в.д. директор во училиштето со фалсификувани исправи.

Судечкиот судија Јордан Јованов кажа дека доколку го повторат делото во рок од две години, ќе следува една година ефективна затворска казна. Обвинетата Шеи, според него, која засновала работен однос во училиштето како апсолвент, како приправник работела четири години и од условот за поставување директор со пет години стаж, таа четири години била приправник.

– Кај исправите постојат елементи на кривичното дело „употреба на исправа со невистинита содржина“. Тоа подразбира дека изјавата не е лажна, но она што е напишано во неа не е точно. Егзона која засновала работен однос како апсолвент како приправник работела четири години. Истиот месец кога дипломирала била избрана за в.д. директор, а стручен испит за наставник полагала кога го почнала третиот и последен мандат како в.д. директор, истакна судијата Јованов.

Тој појасни, дека таа се товареше дека фалисфикувала три исправи, едната е уверението за приправнички стаж во кое се тврди дека го има завршено приправничкиот испит, втората е потврдата за работно искуство со која се тврди дека има пет години работела како наставник за да може да исполни услови како директор и третата исправа е мислењето на Наставничкиот совет во кое се тврди дека ги совладала предвидените компетенции.

– Со оглед на тоа дека делата се сторени со поврзани дејствија под исти околности, одлучив на сите да им биде изречена иста санкција. Овој пат со оглед на олеснителните околности, ќе биде условна осуда, така што им се утврдува казна во траење од една година, која што нема да се изврши доколку во рок од две години по правосилноста не сторат ново кривично дело – рече Јорданов.

Незадоволни од пресудата изразија и јавниот обвинител Џемал Лога и одбраната на Мерко, Игор Петкоски, кои најавија жалба по приемот на пресудата.

– Не очекував парично, но со оглед дека за првиот предмет беше осуден условно, за вториот требаше ефективна затворска казна – изјави обвинителот Лога.

Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко доби ослободителна пресуда за набавката на луксузниот автомобил „Ауди“ во вредност од 67.000 евра и парична казна од 10.000 евра за незаконско поставување директори во неколку основни училишта.

Против него во Судот во Струга се води постапка за незаконско поставување спомен обележје – плоча на влезот на Општинската зграда, а идниот месец треба да почне судскиот процес за склучен договор за осветлување на дел од речното корито на Црн Дрим.

Тој е на „црната листа“ на Соединетите Американски Држави (САД) поради вмешаност во корупција.

Најнови вести од: Македонија

На 9-ти мај Вреди ќе ги помати сметките на ДУИ

Деветти мај се приближува и со него доаѓа силна, голема ВРЕДИ, распространета од Липково до Струга, велат од партијата истакнувајќи дека 5 партии стануваат една и тоа им ги расипува сметките на сите што живееле со надеж дека ВРЕДИ нема да се обедини

Литовски: Битолскиот одред „Пелистер“ разбиен на 3.5.1942 од бугарските окупатори, кои ја усмртија Елпида, влечејќи ја врзана за кола низ селата, за да ги заплашат Македонците!

На денешен ден, на 3 мај 1942 година, над селото Ореово, Битолско, Битолскиот народноослободителен партизански одред „Пелистер“ бил опкружен и разбиен од бугарската фашистичка окупаторска војска и полиција, откако преку предавство бил лоциран еден ден претходно. Оваа единица на НОВ и ПО на Македонија била формирана на 22 април 1942 г. од 19 борци. Во борбата загинаа народниот херој Елпида Караманди, која била тешко ранета, заробена и набрзо свирепо убиена, Димитар Николовски-Таќи Даскало, Димче Хаџи Поповски, Мара Јосифовска-Ѓурѓа, Ордан Михајловски-Оцката и Ордан Орданоски-Сандански. Сите биле борци на овој партизански одред. Ова го истакнува универзитетскиот професор и историчар д-р Александар Литовски од Институтот за национална историја од Скопје во својата научна статија со наслов „ 3.

„Скопје1.мк“: „Малолетници под дејство на алкохол со ножеви в рака тргнаа кон мене!“ – вознемирувачко сведоштво од автобус во Скопје

Празничен ден, пикник и детска радост, но за неколку минути сè се претворило во сцена на страв и насилство. Скопјанката Наташа Младеновска сведочи за инцидент во автобус од Водно кон центарот на Скопје, во кој учествувале малолетници, а ситуацијата ескалирала до вадење ножеви.

„МКД.мк“: Во Липково вчера се „славеше„ „слободна територија Карадак“ од конфликтот во 2001 година!

Во Липково вчера беше „прославен“ 2 мај, за општината познат како „Ден на прогласувањето на слободната зона Карадак“, Кумановско, и како Ден на општината. На својот фејсбук-профил пратеникот Ријад Шаќири од Алијансата на Албанците од колицијата Вреди, напиша дека заедно со градоначалникот Еркан Арифи (од ДУИ), општинските советници на гробиштата „оддадоа почит на мачениците кои ги положија своите животи во 2001 година“. Ова го објави информативниот портал „МКД.мк“

Најнови вести

To top