Македонија

Мерко за речиси 7 милиони денари „го осветлил“ Дрим

На фирма од струшкото село Мислодежда ѝ биле исплатени 6.763.722 денари, а за таа сума е оштетен буџетот на Општина Струга

Основното јавно обвинителство во Струга поднесе уште едно обвинение против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко.

Овој пат, за склучување договор за осветлување на дел од коритото на реката Црн Дрим, без согласност од водостопанската служба од Министерството за животна средина и просторно планирање.

„Осомничениот, во периодот од 01.04.2021 до 27.06.2022 година, како службено лице, градоначалник на Општина Струга, ги пречекорил границите на своите службени овластувања и склучил договор за осветлување на дел од коритото на реката Црн Дрим, без претходна согласност за обезбедување согласност за управување со водите од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Со ова, избраниот изведувач можел да постави опрема за осветлување во речните води во должина од 900 метри од двете страни на речното корито, иако обвинителството презело неколку дејствија во текот на постапката и обезбедило вештачење според кое таквата инсталација за осветлување негативно влијаела врз водниот режим, морфологијата на површината на водата и хидробиолошкиот систем во реката“, соопшти Јавното обвинителство на Република Македонија.

За реализација на проектот, на правното лице од струшкото село Мислодежда му се исплатени 6.763.722 денари, а за таа сума е оштетен буџетот на Општина Струга.

Најнови вести од: Македонија

Стефковски и Ѓорѓиевски садеа дрвца во Парк шумата Гази Бабa: Пошумуваме каде што гореше

Во рамки на акцијата биле засадени вкупно 1.500 медоносни садници од видовите јасен, багрем и јавор, кои имаат големо значење за подобрување на квалитетот на воздухот, збогатување на биодиверзитетот и поддршка на пчелниот фонд

Ангелов: Сите припадници на УЧК кои извршиле воени злосторства мора да одговараат

Злосторствата не смеат да се релативизираат ниту да се користат за политички цели и апсурдно да се бара ослободување на лица кои се осомничени, обвинети или осудени за дела опфатени со меѓународното хуманитарно право

(Видео): Жената во гостиварско била застрелана пред да биде закопана во дупка

Во атарот на гостиварското село Неготино, беше пронајдено телото на 53-годишната Х. А., закопано во дупка. За убиството е осомничен 53-годишниот С.М. од истото село, кој, според Министерството за внатрешни работи, претходно дал лажен исказ во полициска станица. Неговата сопруга признала дека тој го извршил убиството и на полицијата ѝ го посочила местото каде што телото било закопано.

To top