Македонија

Мицкоски: Европа да не нè дискриминира, да поминуваме на брза трака на аеродромите

Ако навистина сакаме до 2030-та да го видиме регионот како дел од Европа, тогаш Европа да не нè дискриминира

Имаше регионална иницијатива од земјите од Западен Балкан и треба час поскоро да се олесни пристапот на превозниците. Онаа зелена лента која се најавуваше од страна на Европската Комисија да профункционира. Мислам дека тоа нема да биде проблем, рече премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

-Она кое што јас ќе го покренам како прашање и на дискусијата сега со претседателката на Европската Комисија, но и на Берлинскиот процес, ќе биде токму тоа. Кога ќе слетате на било кој аеродром во земја-членка на Европската Унија има „граѓани на ЕУ“ и „граѓани кои не се ЕУ, а се дел од Европа и други“. Ако навистина сакаме до 2030-та да го видиме регионот како дел од Европа, мислам дека Европа да не нè дискриминира, сите да можеме да бидеме граѓани на Европа и сите да можеме да поминуваме пасошка контрола и да не бидеме дискриминирани зашто не сме дел од ЕУ. Да поминуваме на брза трака, сите поседуваме биометриски пасош, рече Мицкоски.

Тој порача дека ако има волја има и начин.

-Еве ова нека биде првата испорака која би ја дала ЕУ за Западен Балкан и ова ќе биде дел од мојата дискусија со Фон дер Лајен и колегите од Европската Унија за време на Берлинскиот процес, посочи Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Стопанската комора со план за економски развој на Зелениково и Чучер-Сандево, ќе има и нови инвестиции

Стопанската комора на Северна Македонија ќе им обезбеди поддршка на општините Зелениково и Чучер-Сандево за поттикнување на локалниот економски развој, подобрување на деловната клима и искористување на европските фондови. Меѓу приоритетите се развојот на руралниот и алтернативниот туризам, унапредувањето на инфраструктурата и формирањето заедничка бизнис-заедница.

(Фото+Видео): Мицкоски со „Дојче Телеком“ во Бон разговараше за можни инвестиции

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека разговорите со раководството на Германскиот Телеком во Германија биле насочени кон можностите за нов инвестициски циклус во Македонија, не само во телекомуникацискиот сектор, туку и во области со висока додадена вредност.

(Фото): Блокирани 104 веб-страници за нелегално онлајн коцкање

Во согласност со доставениот налог, посочува Министерството, АЕК е должна во рок од пет дена од неговото добивање да го проследи до операторите на електронски комуникациски мрежи. Операторите треба веднаш да постапат по налогот и да го ограничат пристапот до наведените веб-страници, со прикажување соодветно известување за причината за блокирањето.

To top