Македонија

Мицкоски: Груби кукавички избега, но мора да се соочи со правдата

Потерницата е испратена, и сега треба државите кои што се наши партнери да дадат одговор каде е Артан Груби, изјави премирот Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Република Македонија во синоќешното гостување во централниот дневник на телевизија АЛСАТ М. „Јас не знам дали Никола Груевски избегал со дипломатско возило или не, немам таков увид во […]

Потерницата е испратена, и сега треба државите кои што се наши партнери да дадат одговор каде е Артан Груби, изјави премирот Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Република Македонија во синоќешното гостување во централниот дневник на телевизија АЛСАТ М.

„Јас не знам дали Никола Груевски избегал со дипломатско возило или не, немам таков увид во истрагата. Но, да кога станува збор за Артан Груби самиот тој или лицето кое што го придружувало или превезувало, тоа е почесен конзул на една држава со возило со дипломатски таблици ја напуштило Македонија, и потоа тоа лице беше повикано на информативен разговор“

Мицкоски нагласи дека Груби кукавички избега, но како држава правиме се што е во наша моќ лицата бегалци од правдата да се обезбедат и да се вратат дома.

„Јас би кажал дека не е само Артан Груби избеган, има и некои други кои се бегалци од правдата и тоа е за мене многу лош начин, би рекол кукавички начин да се постапува. Но тоа е што е, сега ние како држава ќе се обидеме се што е во наша моќ овие бегалци од правдата да ги обезбедиме и да ги донесеме дома“, дециден е Мицкоски.

На прашањето дали има некоја информација од земја каде би можело да се наоѓаат овие лица, премиерот Мицкоски рече дека има индиции за сите, додавајќи дека некои лица се во регионот а некои подалеку.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top