Македонија

Мицкоски: Одредени личности ќе бидат во сериозен проблем за пожарите

Одговорајќи на новинарско прашање дали можеби знае нешто во врска со шпекулациите во јавноста дека функционер од ДУИ е вмешан во палењето пожари низ земјава, премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави: „Имаме одредени информации и основани сомневања, посебно дека она што се случи во Скопје е организирана акција“ Премиерот нагласи дека не би сакал детално да […]

Одговорајќи на новинарско прашање дали можеби знае нешто во врска со шпекулациите во јавноста дека функционер од ДУИ е вмешан во палењето пожари низ земјава, премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави:

„Имаме одредени информации и основани сомневања, посебно дека она што се случи во Скопје е организирана акција“

Премиерот нагласи дека не би сакал детално да зборувам за тоа:

„Имаме приведени лица и одземени телефони, оставам на органите да си ја завршат својата работа.

Но, докопку се потврдат овие основани сомневања, тогаш одредени личности ќе бидат во сериозен проблем, рече Мицкоски, одговорајќи на новинарско прашање. МИА

Најнови вести од: Македонија

Преговорите за решавање на проблемот на транспортерите за влез и излез од ЕУ се одвиваат добро, вели Николоски

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека преговорите за решавање на проблемот на транспортерите по воведувањето на ЕЕС системот за влез во ЕУ одат добро и оти до 30 септември кога тој треба да почне да се применува за македонските транспортери има време да се завршат сите процедури

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива првата подземна сообраќајница

Се поставуваат последните слоеви асфалт на потегот од Стара Рампа до семафорите кај Црвениот Крст, на еден од најзначајните, но и за мене особено важни инфраструктурни зафати во градот, булеварот „Македонија“, објави денеска градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил

По повод Цветници црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар преполна со верници од сите делови на државава

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар беше претесна да ги прими повеќето стотици верници, кои ги имаше од сите делови на нашата држава, кои пристигнаа по повод празникот на влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, како најава за конечниот триумф на животот над смртта

Најнови вести

To top