Македонија

Мицкоски: Права на Македонците во Пиринска Македонија, нечепкање на јазикот и идентитетот, па разговори со Бугарија

Oтворено прашање со нашиот источен сосед

Не чекаат сериозни предизвици, имаме отворено прашање со нашиот источен сосед, но се чини дека нема соговорник од другата страна, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Македнија, Христијан Мицкоски.

„Нема подобро место од овој 18ти конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, да испратиме порака – додека сум јас претседател на ВМРО-ДПМНЕ, нема да се поместам ниту еден милиметар од оваа позиција. Подготвени сме да разговараме, свесни сме за капитуалциите и предавството на најкриминалната влада во историјата на независна Македонија предводена од СДСМ и ДУИ. Свесни сме за штетата историска која ја нанесоа на граѓаните и на државата, подготвени сме да разговараме. Но прво нека се одлучат какви разговори сакаат да имаме, билатерални или разговори со Брисел. Ако се билатерални, тогаш се потврдува нашата теза дека ова е билатерализација на нашиот европски пат. Ако сакаат да разговараме во Брисел, подготвени сме да тргнеме уште утре и да ги презентираме нашите аргументи“, вели Мицкоски.

Никогаш нема да заборавиме – Македонците во Бугарија со отворено писмо до Христијан Мицкоски

Посочи дека нема поместување, се додека не биде испочитувана и последната буква од договорите и меѓународното право и она што им припаѓа на Македонците од другата страна – во Принска Македонија.

„Тоа е доследна примена на сите досегашни пресуди на судот за човекови права во Стразбур, во својство и во насока на исполнување на правата на македонската заедница кај нашиот источен сосед. Второ, ако навистина никој нема проблем со нашата вековка идентитетска константа и нашиот мајчин македонски јазик и дека нема да има повеќе вета, тогаш најмногу што заслужија граѓаните на оваа земја е нови заклучоци од Европскиот совет. Ова се двата столба за кои сме подготвени да разговараме. Затоа сметам дека Македонија мора да направи решение кое ќе спречи идни предавства и ќе ги исцрта цвените линии, но на начин на кој нема да може некој нов трговец од Горни Милановац или хирург од Дубаи да ги прекрши, држејќи ја раката на срцето, со блага насмевка и гнасни предавнички намери“, рече Мицкоски.

Најблиските соработници со честитки до Мицкоски: „Вашата визија инспирира и обединува“

Најнови вести од: Македонија

„Н.М.“: Македонија има причина да биде во Европа, со свој идентитет и јасно дефинирани македонски интереси, но не безусловно!

Исландскиот референдум не треба да биде лекција против Европската Унија, туку лекција за самодоверба во преговорите. Исланѓаните не рекоа: „ЕУ не ни треба“. Тие рекоа: „Ние ќе одлучиме кога, како и под кои услови ќе разговараме за нашата иднина“. Тоа е демократска зрелост. И токму таква зрелост ѝ треба на Македонија. Не да му каже „не“ на Брисел. Но ниту автоматски да кажува „да“ на секое барање. Туку да научи да кажува: „Ова е нашиот интерес. Ова можеме да го прифатиме. За ова можеме да преговараме. А ова не можеме да го прифатиме“. И тоа да го каже аргументирано, мирно и европски. Ова се нагласува во анализата со наслов „Македонија има причина да биде во Европа, но како своја и со својот изворен идентитет и карактер“, која е објавенма денес „Нова Македонија“.

Мицкоски: Македонија е отворена за нови инвестиции и партнерства, кои ќе ја засилат економската соработка со Унгарија

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска од Будимпешта порача дека Македонија е отворена за нови инвестиции и партнерства, нагласувајќи дека економската соработка со Унгарија има значителен потенцијал за раст.

Да беше жив Јонче ќе го соблечеше палтото – Карерас пееше една од неговите легендарни песни

Изведбата на Карерас на антологиската песна, оригинално создадена од Јонче Христовски, предизвика огромни овации, силни емоции и воодушевување кај многубројната публика на преполниот плоштад ,,Македонија”

Најнови вести

To top