Македонија

Мислими: Мицкоски гради, но и испраќа порака дека Македонија може да функционира без етнички поделби, како држава на еднакви граѓани!

„Дали премиерот Мицковски има храброст и волја да ја возбнови Попова Шапка и таа да биде посилна отколку Банско во Бугарија? Верувам денес дека ова може да се случи со премиерот Мицковски! Бидејќи при распределбата на капиталните инвестиции премиерот Христијан Мицкоски покажа нешто што ретко се гледа: распределбата на парите од унгарскиот кредит беше направена без трикови, без привилегии и уцени, туку таа распределба беше извршена според жител, исто за сите општини. Премиерот Мицковски не само што инвестираше во асфалт, или канализација во Тетово, туку и испрати порака дека државата може да функционира без етнички поделби, без граѓани од прв и втор ред, без привилегии на општини македонски, или општини албански, туку како граѓани на Македонија.“ – нагласува Рами Мислими, новинар од Тетово и сопственик на информативниот портал на албански јазик „Тетова сот“ во својата колумна со наслов „Зошто денес верувам дека премиерот Мицкоски може да ја направи Попова Шапка посилна од Банско во Бугарија?“.

Во колумната Мислими пишува: Со децении оваа земја е градена врз етничка поделба на власта, во привилегиите и пред сè во инвестициите. Албанските подрачја се третирани не како дел од државата, туку како туѓа територија. Премиерите доаѓале и си оделе, но неправдата останала иста: економско угнетување и систематско напуштање на подрачјата, каде што живеат Албанците. Денес за прв пат се гледа сигнал дека оваа длабока поделба може да заврши. Бидејќи оваа територија нема етнички сопственик, таа е територија на Македонија. И државата или инвестира подеднакво за сите, или не е држава за никого.

Македонија нема море и не живее од летен туризам. Но, има нешто, на што многу европски земји би ѝ позавиделе: тоа е Попова Шапка. Таа е природно богатство, кое може со сериозни вложувања да го смени местото на светската мапа на зимскиот туризам. Некогаш во поранешна Југославија овој центар пречекуваше илјадници странски туристи. Но денес Попова Шапка е оставена да пропадне, да се заборави и да се растури, да ги изгуби вредностите, кои ни ги дал Господ. Досега имало бескрајни ветувања. Поранешни состави на владата, поранешни министри и премиери, зборувале за странски инвестции, но реалноста беше нула. Немало инвестиции, ниту проекти, ниту волја. Имало само фотографии и писма, што беа носени од една канцеларија во друга.

Но, денес се поставува прашањето: дали премиерот Мицковски има храброст и волја да го возбнови Попова Шапка и да биде посилна, отколку Банско во Бугарија? Верувам денес дека ова може да се случи со премиерот Мицковски! Бидејќи при распределбата на капиталните инвестиции премиерот тој покажа нешто што ретко се гледа: распределбата на парите од унгарскиот кредит беше направена без трикови, без привилегии и уцени, туку таа распределба беше извршена според жител, исто за сите општини. Денес во Тетово, одам по асфалтирани улици и патишта, не како политичка услуга, туку како граѓанско право без разлика на етникум.

Премиерот Мицковски не само што инвестираше во асфалт или канализација во Тетово, туку и испрати порака дека државата може да функционира без етнички поделби, без граѓани од прв и втор ред, без привилегии на на општини македонски, или општини албански, туку како граѓани на Македонија. Затоа денес верувам дека премиерот Мицкоски не ја гледа Попова Шапка како албанска земја, ниту како земја на Тетово, ниту како странска земја, туку како земја на неговата држава. Бидејќи развојот на Попова Шапка не само што го воздигнува Тетово, или Албанците, туку ја воздигнува цела Македонија

Попова Шапка нема вера, нема нација и не познава поделба. Таа е тест за државата: или ќе остане симбол на старата неправда, или ќе стане симбол на нова, рамноправна и европска Македонија. На крајот на краиштата историјата нема да ги памети премиерите, кои само ветуваат. Историјата ги памети само  премиерите кои градат, а токму премиерот Мицковски ќе може да се памети по инвестицијата во Попова Шапка. – заклучува Рами Мислими во својата колумна.

Најнови вести од: Македонија

АПИС реагира: Изгласан закон за игри на среќа „на црно“

Од АПИС порачуваат дека ќе продолжат да ги штитат интересите на своите членки, вработените и странските инвеститори во секторот, нагласувајќи дека очекуваат институциите повторно да ги разгледаат спорните законски одредби.

Левица и СДСМ заеднички во блокада на Изборниот законик

„Единственото нешто што го побаравме е нашата дијаспора да може по електронски пат да гласа уште на следните претседателски избори. Прво го прифатија ова наше барање, а денес истите го блокираат“, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ

Секој граѓанин сам ќе одлучи дали ќе биде органодарител

Усвоени измените и дополнувањата на Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело заради лекување, со што се отвора можност секој полнолетен граѓанин лично да се изјасни дали сака да биде органодарител по својата смрт

ВРЕДИ: Требаше Ахмети да оди во опозиција за Зајас да разбере зошто остана без канализација

На Албанците им кажуваа „причини“, додека зад сцената се склучуваа договори за соработка, се воведуваа локални фирми и се префрлаа милиони евра од европските фондови.
Жителите чекаа канализација, а друг чекаше исплати.

To top