Македонија

Митева: Македонија не смее назад, нападот на СДС врз слободните медиуми мора да биде осуден

Како човек кој секојдневно е во директна комуникација со Вас, медиумите и новинарите, чувствувам обврска јавно да реагирам. Премолчувањето во вакви ситуации би значело дека се откажуваме од одговорноста што ја имаме кон јавниот интерес и медиумската слобода.

Како човек кој секојдневно е во директна комуникација со Вас, медиумите и новинарите, чувствувам обврска јавно да реагирам. Премолчувањето во вакви ситуации би значело дека се откажуваме од одговорноста што ја имаме кон јавниот интерес и медиумската слобода.Денешниот настап на СДС, со јавно обележување и дискредитирање медиуми преку прес-конференција, со графикони и политички квалификации, претставува директен и недозволив атак врз слободата на медиумите. Ова не е легитимна политичка дебата, јас на ова гледам како опасна пракса која потсетува на СДС кои преку јавен притисок се обидувале да ги стават медиумите под контрола – објави портпаролката на Владата, Марија Митева.
Македонија не смее и нема да оди по тој пат затоа што одиме напред и преку дела ја покажуваме нашата сериозна намера да обезбедиме средина во која медиумите ќе работат слободно и без никакви притисоци. И кога велам одиме напред, тоа и сериозно можам да го поткрепам со факти.
Оваа Влада работи на воспоставување институционални механизми за заштита на новинарите, се формира работна група за спречување на SLAPP тужби, се води отворен дијалог со новинарските синдикати и медиумските здруженија, а СДСМ свесно избира да настапи со јавна стигматизација на медиуми.
Посебно лицемерно е што вакви напади доаѓаат од политичка партија која декларативно се повикува на слобода на медиумите, а чиј однос кон новинарите јавноста многу добро го памети. Времето на замолчување, селективен пристап, притисоци, омаловажувања и лош однос кон новинари се гледаше на дело токму кога тие зборуваа за „слободи“. Тоа време е завршено.
Колку и да ги познаваме медиумските процеси, колку и да сме свесни за различни уредувачки пристапи, никогаш нема да си дозволиме јавно таргетирање и етикетирање медиуми. Таквото однесување е знак на длабока и структурна слабост на СДС и намера за притисок.
Очекувам јасна и недвосмислена реакција од целата медиумска заедница, од новинарските здруженија, од граѓанскиот сектор и од сите кои искрено веруваат во слободата на изразување. Затоа што денес се на удар медиумите, а утре може да биде секој критички глас.
Ова што го направи СДСМ претставува сериозна штета за медиумскиот простор во Македонија и потег кој мора да биде јасно осуден затоа што може да остави долгорочни последици – заклучи Митева.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: ДУИ не изгради ниту еден километар автопат

Вицепремиерот и министер за транспорт изјави дека Владата инвестира меѓу 1,6 и 1,8 милијарди евра во изградба на автопати од Коридорот 8, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека во своите мандати не изградила ниту еден километар автопат

Е-трговијата бележи рекорд: За една година, граѓаните потрошиле 950 милиони евра на онлајн купување

Во 2025 година онлајн трансакциите во Македонија пораснале за 32 отсто, што според Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТСМ) укажува на зголемена доверба во дигиталното купување, развој на плаќањата и силен импулс за понатамошен раст на секторот.

To top