Македонија

Митева: Не прифаќаме понижувачки компромиси, интеграција во ЕУ со идентитет и интегритет

Владата работи на интеграција во ЕУ со заштитени македонски национални интереси и останува отворена за вистинска дипломатија

„Ние работиме на една интеграција во ЕУ со идентитет и интегритет и многу пати тоа сме го повториле. Позициите се нарушени изминатите седум години до степен да многу работа е потребно на таа тема“ , истакна Марија Митева, портпарол на Влада и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во синоќешното гостување на ТВ 24.

„така што ценам дека целата дипломатска офанзива којашто ја имаме во рамки на Владата и којашто го води овој процес ќе успее да доведе до помрднување и подобри состојби од она што го имаме“, рече Митева

Во однос на решавањето на спорот со Бугарија, Митева нагласи дека потребен е дијалог во насока на решавање на состојбата.

„Цениме дека за оваа состојба проблемот е на маса. Имаме две можности.

Едниата е да го игнорираме и да се фокусираме на она што е само домашна задача.

Другата можност којашто ја имаме е да навистина отвориме дијалог и да ги презентираме позициите, пред сè на македонскиот народ и на она што сметаме дека е нанесена неправда“, истакна портпаролката на Владата, Митева.

Митева говореше за важноста на евроинтеграциите, додаде дека Владата работи на интеграција во ЕУ со заштитени македонски национални интереси и останува отворена за вистинска дипломатија.

„Ценам дека треба да продолжиме да си ја завршиме домашната задача, во однос на реформска агенда и сметам дека во оваа ситуација и во однос на позициите коишто ги има Бугарија по однос на Бугарите во Устав или повторно вето и останатите барања коишто се од нивна страна, некако мислам дека на Македонија и е доста време во чекалната“, децидна е Митева.

ВМРО-ДПМНЕ ниту преговара за македонскиот јазик, идентитет и култура, ниту тоа ќе го направи во кои било преговори, категорична е Митева.

„ Дали за вас (СДСМ) црвените линии се вметнување на Бугарите во Уставот? Имавте многу долг период и можност да бидете така широкоградни од позиција на власт, да ги слушате граѓаните коишто протестираа пред Собрание додека вие си гласавте заклучоци во Парламентот, сега вие покажувате отвореност и подадена рака“, рече таа.

Митева истакна дека ВМРО-ДПМНЕ работи темелно и суштински без разлика дали е во опозиција или на власт и се грижи за македонските национални интереси.

„ Клучната разлика во делувањето на ВМРО-ДПМНЕ е што и од позиција на опозиција и од позиција на власт сега, работиме темелно и суштински на ова клучно прашање. За мене резолуција за црвени линии за идентитет, за јазик и за култура е најсериозното прашање, затоа што тоа останува документ дека сум била дел од нешто коешто е направено и како власт и како опозиција, и затоа што идни генерации ќе треба да се повикуваат на тоа и ќе треба да носат чекори за иднината на оваа држава“, изтакна Митева

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top